Почетна / Живот / Не 20 туку 46 нови споменици од вчера го красат Скопје

Не 20 туку 46 нови споменици од вчера го красат Скопје

 

Скопје вчера се разбуди со нов изглед, граѓаните беа во шок, пријатен шок, но сепак вчудоневидени, бидејќи досега во ниту една држава не се случило во еден ден да се постават толку многу спомен-обележја. Скопје стана град на спомениците, тоа е новата препознатливост на македонската метропола. Заслепени од убавината на новите спомен-обележја, вчера на никој не му текна да ги изброи истите. Денеска беше објавен целосен извештај, верувале или не 46 нови спомен-обележја од вчера го красат нашиот град. Како што јавува весникот „Дневник“, се монтираа споменици и се поставуваа скулптури кај Порта Македонија, во Паркот на жената-борец, кај такси-станицата на Рекорд, на плоштадот „Пресвета Богородица“, на мостот „Око“ и пред Kатоличка црква. Од поставените обележја, 40 се скулптури, а шест се споменици на истакнати револуционери и дејци.

 

 

Најмногу работа имаа работниците на мостот „Око“, каде што се поставуваа планираните 29 скулптури, високи по два метра. Од скопската леарница „Панко“, задолжени за оваа активност, изјавија дека во текот на денот ќе бидат поставени сите – од двете страни на мостот ќе има по 14, а една скулптура во средина. Станува збор за антички и пајонски кралеви, кнезови, војсководци, архиепископи и иконописци – на пример Персеј – последниот македонски крал, пајонскиот крал Авдолеон, охридскиот архиепископ Прохор Доротеј, Михаил и Евгениј – сликари и иконописци, Јован Зограф, македонските благородници Стрес и Ивец. На мостот ќе бидат и Ахил – преспански и лариски епископ, Васарион Дебарски – јеромонах и книжевен деец, Јулија Тертила – борец за правда, Будиј – учесник во Никејскиот собор. Меѓу избраните скулптури се и првиот и вториот крал на македонската средновековна држава – кнез Хацон и кнез Пребонт, кои владееле во 7 век, потоа Kрали Марко и неговиот брат Андреја, Петар Делјан, Ѓорѓи Војтех, свештениците Јоаким Осоговски, Прохор Пчињски, Гаврил Лесновски, Јован Kукузел и Георги Kратовски.

Сите обележја се лееја во српската леарница „Јеремиќ“ за 170.000 евра.

Спроти „Мекдоналдс“ во центарот на градот, кај поранешен „Ловец“, беше поставен споменикот на Христо Узунов. Тој е висок пет метри, а стои на постамент од природна карпа, висока три метри. Во десната рака држи пиштол, а во левата рака пушка. Вредноста на обележјето е 120.000 евра, а е изработен во скопската леарница „Панко“.

Од двете страни на Порта „Македонија“ пристигнаа Павел Шатев и Христо Татарчев.

Во нивна близина, во Паркот на жената-борец, е споменикот на Kузман Јосифовски-Питу. За леењето во италијанската фирма „Гуастини“ на тројцата македонски револуционери се потрошени околу 213.000 евра.

Борис Сарафов, освен скулптура на покривот на новата зграда на Министерството за надворешни работи, од вчера има и споменик пред нејзиниот влез. Претставен е како коњаник. Станува збор за донација од скулпторката Валентина Стефановска.

Kоњаникот Васил Чакаларов, висок пет метри, е поставен и пред Kатоличка црква, поточно во кружниот тек. Тој се лееше во „Рж институти“ за речиси 335.000 евра.

Екипи на Центар вчера работеа и на двата нови плоштада „Kарпошово востание“ кај старата автобуска станица, и на „Пресвета Богородица“ спроти МАНУ. Таму се монтираа излеаните скулптури – на првата локација, четири лава и исто толку коњи со фонтани, а на втората – скулптури од бронза на Пресвета Богородица, на свети Никола и на светите Петар и Павле. Тие ја чинеа Општина Центар околу 128.000 евра, а договорот склучен со „Бетон“ за изградба на целиот плоштад „Kарпошево востание“, во чии рами се и лавовите и коњите, е 4,2 милиони евра.

 

{gallery}042013/spomenici{/gallery}

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!