“Преспав” со нови продолженија продолжува на ТВ 24
Македонската хумористична играна серија “Преспав” со самото појавување предизвика лавина позитивни реакции особено кај младата популација. Конечно продукциски нешто кое изгледа квалитетно, урбано и нормално за овој век. Гледачите задоволни од ликовите и настаните во пансионот “Преспав” веќе долго време ја очекуваат втората сезона од серијата на Телма.
Но, сега е сѐ јасно. Вашиот омилен ситком продолжува наскоро, но не на Телма, туку на друга фреквенција. Јелена, Марио, Ула, Тони и Коста наскоро ќе ги следите на фреквенцијата на ТВ 24. Покрај рускиот и српскиот ситком, ТВ 24 ни ја носи и македонската играна комедија “Преспав” која ќе ве насмее и расположи со новите авантури на персоналот и сопствениците на пансионот во Преспа.
Дани | ТВ Пакет