Наскоро започнува серијата што ја потресе балканската јавност
Семејството не значи секогаш љубов, а животот не нѝ носи на сите секогаш среќа. Понекогаш казната е дел од секојдневните семејни битувања, а насмевката начин да се сокрие болката. Ова е трогателна приказна за Мелек, едно девојче кое во темниот свет на ќотекот и навредите, ќе ја пронајде жената што ќе го промени нејзиниот несреќен живот.
А таа, нејзиниот спасител и ангел … во погледот на Мелек ќе го препознае детството кое одамна го изгубила, а во допирот на девојчето ќе ја почувствува потребата да ѝ помогне. Кога ќе ја снема надежта, лошите одлуки стануваат единствено решение, а кога ќе добие шанса, бегството за девојчето ќе стане единствен начин за спас.
Сентиментална приказна за болните солзи на едно дете и потрагата по трошка родителска љубов. Драматична сага за тешка детска судбина, сторија за едно девојче која го расплака светот и ги потресе и најстудените срца на публиката. Наскоро на Сител – мега хитот “Се викав Мелек”.
Дани | ТВ Пакет