Поради големиот успех, планирана и втора сезона
Политичката трилер драма “Сенки над Балканот” е најгледаната телевизиска програма во Србија за минатата, 2017-та година. Вкупно 10 епизоди и просечен рејтинг од 18,2 проценти. Просечен удел на гледаноста на серијата е 37 проценти, односно околу 2 милиони жители на Србија секоја недела биле со програмата на РТС, следејќи ја сагата за Балканот како крстосница на политика, интерес и капитал.
За потсетување, се работи за интернационална копродукција меѓу Кобра Филм (Србија), Искра (Русија) и Скопје Филм Студио (Македонија), во соработка со Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Српска Република и Македонска радиотелевизија, и со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија. Извршен продуцент е Горан Бјелогрлиќ, а главен сценарист и главна улога е Драган Бјелогрлиќ.
На МТВ 1, последната, 10-та епизода ќе биде емитувана оваа недела на ден Божиќ.
Дани | ТВ Пакет