Нора Шакири, водителот на контактната емисија „Овде и сега“ што се емитува на Алфа секој работен ден во 18.25 часот ја оствари својата 200-та емисија по ред. Таа на свој начин воспоставува контакт со гледачите и дебатира за ставовите на пошироката јавност. За разлика од другите проекти од овој тип, Нора темите на нејзината емисија ги најавува однапред за гледачите уште претходниот ден да можат да ги подготват своите ставови за темата што ќе ја одреди таа.
Dejan | ТВ Пакет