Додека некои го користат времево за уживање на сонцето на кафиња, дел од нашите познати личности напорно се подготвуваат за учество на престојниот Скопски Маратон. Некои дури и си ја сфатиле работата сериозно, па најмиле лични тренери за постигнување на подобри резултати. Таков е случајот со Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски кои оваа година решија да учествуваат на маратонот.
Но, за одлични резултати, покрај тренингот е потребна и соодветна опрема. Затоа, Димитар и Маријана ја посетија продавницата на Спортвижн во која пристигна најновата колекција на Рибок опремата идеална за подготовка за ваков настан. Откако заедно со нивниот тренер Ненад Стојкоски ги одбраа посакуваните производи се упатија на градскиот кеј каде го одработија предвидениот тренинг.
| ТВ Пакет