Почетна / Забава / Се отвори Моден викенд Скопје/ сезона есен-зима 2016/2017

Се отвори Моден викенд Скопје/ сезона есен-зима 2016/2017

 

Со четири ревии вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“ започна шеснаесеттиот Моден викенд Скопје , под мотото на сезоната #Stopthetraffik. Сезоната есен-зима 2017/2018 ја отвори ревијата на „Papaz“ и колекцијата „Подем на гревот“ чии креации ги потпишува дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски.

 

 

„Централното место во колекцијата ја зазема приказната за Содома и Гомора, два библиски града, синоними за грев, блуд и разврат. Колекцијата „Подем на гревот“, сугерира со нагласена сексапилност, инспирирана од човековата сексуалност и хедонизам. Силуетата во исто време e провокативна и елегантна, употребени се повеќе видови на еко кожа, свилен жоржет, штоф и чоја. Земајќи предвид каде се смета дека Содомa и Гомора се наоѓале териториски, деталите се преземени од традиционалната облека од Блискиот Исток.“, вели Ѓоргиевски за својата колекција.

Публиката ја виде и најновата колекција на „Sigma Jewelry“ инспирирана од богатата традиција, засилена со тонови на розево и бело злато, а истовремено проткаена со модерен изглед, кој ги отвара сетилата на секоја жена. И оваа сезона ни претставуваат уникатни парчиња накит кои симболизираат среќа, женственост и елеганција во хармонија со перфектна изработка и особено внимание на сите вградени детали.

 

 

За колекцијата „Маршот на боговите“ која ја прикажа Викторија Арсовска, вели дека е „презентирана женственост и сексапил преку кроевите инспирирани од машки униформи и преку машката грубост на посебно избрани материјали . Корсети подзатскриени со капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожни ремени и метални копчиња, додека лелеавоста на истите се противи на крутиот штоф. “ Со колекцијата наречена „Art deco“ на „Ателје Коцарева“ заврши првата модна вечер. „Колекцијата “Art deco” е женствена, деликатна и раскошна затоа што раскажува приказна за токму таква, безвременска жена изразена преку софистицирана, гламурозна а смела визија. Секое парче е индивидуализирано, изработено од уникатни материјали (природни пердуви, рачни везови) и на посебен начи го осликува совршениот стил на 20-тите години.“, вели Моника Коцарева.

 

 

За време на Моден викенд Скопје во изложбениот простор ќе може да се види и колекцијата на „DIAS shoes and bags“, бренд кој се занимава со производство на ексклузивни кожни чевли и чанти и други аксесоари од кожа. „Ottimo handmade“ и оваа сезона ќе ги изложат уникатните пеперутка вратоврски. Генерален покровител и официјална вода на настанот е „Пелистерка“. Официјално возило оваа сезона е „LEXUS.EXPERIENCE AMAIZING“. Официјален партнер за фризурите на моделите се „LAKME“ во соработка со „Студио Лили“. Официјален мејкап партнер „Shiseido“ во соработка со „Мое студио-Дадар“. Официјален парфем на сезоната – C-THRU. Моделите оваа сезона ќе ги носат чевлите од „Paolo Bocelli“. Партнер во грижата за здравјето „Merz Spezial Dragees“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од „Vizba Valandovo Winery“.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!