Ова се темите во емисијата за деца и родители на Телма
Во рамките на утринската програма на Телма телевизија, се емитува и емисија во живо, секој работен ден во 12 часот на пладне, која обработува теми во врска со бебињата, трудниците, и се’ што е поврзано со нивното здравје.
Минатите емисии беа посветени на правилниот развој на ‘рбетен столб кај бебињата, никнување на првите запчиња, бљуцкањето кај бебињата и правилна исхрана на трудниците.
Веќе во следниот период, во 0м+ ќе бидат реализирани емисии за доење, во кои ќе можат да гостуваат и гледачки кои би сакале во студиото да го споделат своето искуство со доењето.
Водителката Марија Атанасовска заедно со нејзините гости – доктори ќе зборуваат на теми – ,,Најчести проблеми при доењето”, ,,Одвикнување од доење”, ,,Продолжено доење”. Сите заинтересирани може да пишат на официјалната ФБ страна на емисијата, по што ќе се прецизираат деталите за гостувањата.
Дани | ТВ Пакет