Уредникот на Пинк бараше од Адам да отпее грчка песна, а не песна од Тоше
Во најновото издание на српското талент шоу “Ѕвездите на Пинк”, настапи нашиот Адам Лабунски и со сите гласови на жири комисијата, успеа да се пласира во финалните борби од натпреварот. За Лабунски ова е втора сезона во која се натпреварува во шоуто, и втора сезона успева да ги освојува симпатиите на женскиот дел од жирито и публиката. Овој пат тој ги отпеа српската фолк поп песна “Заувеј твој” од Тропико Бенд и легендарната “Игри без граници” од Тоше Проески.
– Ова е твоето најдобо издание. Имаш многу убав глас. Ме воодушеви со тоа што песната од Тоше ја отпеа на македонски јазик и секоја ти чест. Ти си вистинска пинкова ѕвезда – беше коментарот на Маја Николиќ, на што се надоврза Дамир, уредникот на Пинк телевизија и нов член на жирито на Пинк. За Дамир, Адам требаше да даде многу повеќе енергија во песната, со тоа што ќе пее на српски јазик, а не на македонски јазик. За него, спора песна како “Игри без граници” не е песна за овој круг од “Ѕвездите на Пинк”.
– Можеби требаше да отпееш некоја енергична песна. Сега ти не “фаќаш” на фазон дека си Тоше 2 со вакви песни. Ова е спора македонска песна, дај нешто друго. – продолжи Пинковиот музички уредник.
– Воопшто не се согласувам со мислењето на Дамир. Ти си одличен. Јас немам телевизија на која би успеал, но затоа го имам Кемиш, имам можност да ти снимиме песни доколку не успееш во ова шоу. Дали сакаш дует, дали соло песна, ти ќе си одлучиш. Ти си за мене се’ она што би требало да има една Пинкова ѕвезда – на крајот искоментира Зорица Брунцлиќ.
Во продолжение, погленднете ги настапите на Адам Лабунски :
Дани | ТВ Пакет