Во среда во емисијата за деца и родители на Телма ќе гледате :
Постојано читаме предупредувања да не им даваме на децата да играат со ситни играчки или предмети што се составени од мали делови. Зрната од кикирики, пченка, грашок грав се особено опасни доколку се вдишат. Зошто зрното грав е најопасно?
На кој начин туѓите тела можат да завршат во дишните патишта кај децата, каква улога имаат невниманието и неинформираноста на родителите кога им дозволуваат на децата да трчаат со полна уста или да се смеат или плачат додека јадат? Д-р. Ангелчо Андоновски педијатар и директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле е гостин на Телма во среда во 12 часот.
Дани | ТВ Пакет