Започнувајќи од денеска, ТВ 24 ќе ја емитува новата српска серија “Мамини синови”, базирана на австралискиот популарен ситком од 80тите и 90тите.
Српската верзија на “Mother and son” ќе се емитува во вторник и среда во 17.45 часот на телевизија 24, со репризи подоцна во ноќта. Досега од оваа нова серија во Србија се емитувани околу дваесетина епизоди, а се снимени вкупно 42 продолженија.
Познатиот Андрија Милошевиќ е повторно главна улога и во овој српски ситком, но овде ја нема Анѓелка, па затоа друштво ќе му прават Светлана Бојковиќ и Ненад Јездиќ.
Приказната ги прати згодите и незгодите на мајката Роса и двајцата синови Беба и Миша. Мајката целосно подетинила во староста, а за Беба ќе биде тешко да најде сопруга во еден таков амбиент во кој што живее со мајката. Урнебесни ситуации во играта на мајката и двајцата мамини синови ќе следите на ТВ 24, а особено интересно ќе стане кога Беба ќе одлучи да ја прати мама во старечки дом. Ќе може ли мама да опстои таму без своите синови и ќе успее ли Беба во намерата конечно да живее без својата мајка?
Дани | ТВ Пакет