Почетна / Серии / „Бегалци низ бескрајот“ – научна фантастика на МТМ и локалните телевизии

„Бегалци низ бескрајот“ – научна фантастика на МТМ и локалните телевизии

 

 Научна фантастика на МТМ телевизија

 

Оваа есен на локалните телевизиски станици ширум земјава ќе се емитува австралиската научнофантастична серија “Бегалци низ бескрајот”. Серијата е финансирана од компаниите на Џим Хенсон, Халмарк Ентертејнмент и СФ Канал, креирана од Рокне С. О’Банон и Брајан Хенсон, а извршен продуцент е Дејвид Кемпер.

 

 

За прв пат емитувана во 1999 година, а завршила со снимање во 2003 година, кога била укината поради високи трошоци. За да не се остават гледачите без завршеток, следната година, 2004та снимено е продолжение, мини серијата “Фарскејп – војната на миротворците”.

 

 

Приказната го следи астронаутот Џон Крајтон, кој благодарение на неговиот експеримент за тестирање на забрзувањето на вселенинските летала, ќе се најде во друга галаксија. На новото место и во новиот простор, тој ќе најде заштита на биомеханичкиот брод Моја, но тука се Миротворците и Скараните, две негативни милитаристички сили кои навестуваат низа авантури, препирки и борба за власт во Галсаксијата.

 

 

Улогите ги толкуваат Ben Browder, Claudia Black, Virginia Hey, Anthony Simcoe, Gigi Edgley, Paul Goddard, Lani Tupu, Wayne Pygram, Jonathan Hardy и др. Серијата на скопската МТМ ќе се емитува од понеделник до петок, започнувајќи од 30 октомври во 20:30 часот. Репризите се вечерта во 23.45 часот и наредниот ден во 12.10 и 17.10 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!