“Погледни ме за крај” со промоција на Планета, наскоро и спот
Познатата македонска фолкерка Елена Велевска бележи нови успеси во соседна Бугарија. Таа стана ексклузивец на бугарската продукциска куќа „Пајнер“ и телевизијата „Планета“, во чија новогодишна програма премиерно ја претстави својата нова песна насловена „Погледни ме за крај“.
Песната е дело на Роберт Билбилов, кој е автор на музиката, аранжманот и продукцијата, а текстот е на Огнен Неделковски. За прв пат се случува македонски изведувач да стане дел од Планета и да пее своја песна на македонски јазик, а наменета првенствено за тој пазар. Елена овој период е се’ поприсутна во Софија каде освен на снимањето на новогодишната програма, беше гостинка и на промоцијата на Фики, познат бугарски пејач каде се фотографираше со нивните ексклузивци.
Во продолжение слушнете ја песната, промоцирана на Планета :
Пејачката го менува стилот и наскоро ќе снима и дует со бугарскиот поп фолк пејач Борис Дали. Поради забраната од ЗАМП за радиодифузно емитирање на македонска музика на нашите медиуми, нашите пејачи очигледно се приморани среќата и славата да ја барат надвор од границите на Македонија. И тоа им успева засега.
Она што е исто ново кај Велевска е новата новогодишна фотосесија, дело на Дарио Јанковиќ.
Дани | ТВ Пакет