Кој е кој во светот на политиката?
Латиноамериканските ѕвезди од теленовелите се познати и по нивната политичка положба во која се наоѓаат. И во време на политика и само политика, ТВ Пакет одвојува време да ве запознае со латино актерите и актерките кои на ваков или онаков начин се поврзани со политичкиот свет.
Анхелика Ривера, позната по улогите на Гавиота од “Опиени од љубов” и злобната Марсија од “Маријана” е инаку прва дама на Мексико. Омажена е за Енрике Пења Нието, кој е претседател на Мексико од декември 2012, а претседателскиот мандат му завршува во декември 2018, без можност за реизбор, бидејќи мексиканскиот Устав дозволува максимум 1 претседателски мандат од 6 години за една иста личност.
Салвадор дел Солар, кој ни е познат по неговото толкување на главниот машки лик Андрес Мехија Гузман во перуанската теленовела “Фиорела” (Pobre diabla), инаку со завршен правен факултет, од декември 2016 е министер за култура на Перу.
Карла Петерсон доби светска популарност со улогата на Лола во аргентинската телекомедија “ЛаЛола”, а инаку е мажена за Мартин Лусто, кој од декември 2015 е аргентински амбасадор во САД.
Изабел Маседо (позната како негативката од “Дон Жуан”) од 2016 година е омажена за Хуан Мануел Уртубеи, кој од декември 2015-та го извршува својот втор мандат како гувернер на северозападната аргентинска провинција Салта. Со тоа, Маседо е прва дама на Салта, а наводно Уртубеи планира да се кандидира и на претседателските избори во Аргентина во 2019 година. Тоа би значело дека аргентинската актерка може да стане прва дама на Аргентина – ако Уртубеи навистина се кандидира и навистина биде избран за претседател на Аргентина во 2019 годин, но… и ако останат во брак до тогаш.
| ТВ Пакет