Почетна / Телевизија / Нови емисии на „Тунел” на МТВ 1 со нови животни исповеди

Нови емисии на „Тунел” на МТВ 1 со нови животни исповеди

 

Има ли светлина на крајот на тунелот?

 

 Единствено нешто кое нема граници, кое не може да се контролира, и кое може да се шири и конструира до бесконечност е човековата мисла. Но што ако не може да биде кажана? Тоа беше тема на првата емисија од новата сезона на “Тунел” во која ја видовме топлата семејна приказна на сестрите Сталески. “Тунел” продолжува да не расплакува, шокира и подзамислува секој вторник и петок во 17:45 часот на првиот канал на Македонската телевизија, заедно со добропознатата водителка Живкица Каленикова.

 

 

Ова е емисија која обработува теми од секојдневниот живот, интересни, вчудовидувачки и запрепастувачки животни приказни, предизвици, подеми и падови предизвикани од човечката немоќ во борба со непредивидливото.
Покрај исповедите на животните патешествија, преку искуство на другите, „Тунел” се обидува да покаже кон каде треба да се стремиме, каде да ја пронајдеме светлата точка. Дел од приказните кои ги видовме во првата сезона беа судбините на самохраните мајки, слепите лица, лицата со Даунов синдром, се зборуваше за транссексуалноста, дијабетот, за ѕвездите со пет минути слава, за многудетните семејства, жените лидери, тетовирањето, донирањето на органи, за пелтечењето, за ретките болести, за средовечните мајки, емоционалната интелигенција итн.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!