Почетна / Сапуници / Видео | Нов летен хит на актерот од „Диабло“ и „Забранета страст“

Видео | Нов летен хит на актерот од „Диабло“ и „Забранета страст“

 

Латиноамериканскиот заводник со нова песна

 

Џан Карлос Канела е американски актер и пејач, познат за македонската публика по главните улоги во теленовелите “Диабло” и “Моето срце чука за Лола”. Ова лето, тв гледачите повторно го гледаат во главна улога и тоа во тв новелата “Забранета страст”, која се емитува на МТМ телевизија и на сите локални телевизии ширум земјата. 

 

 

Во серијата, Џанкарлос го толкува ликот на Бруно, згоден и богат плејбој кој се вљубува во жената на неговиот ценет чичко. Во следните епизоди на серијата, гледачите ќе може да уживаат во нови пресврти во куќата на семејството, да бидат сведоци на тајната љубов на младите љубовници и да уживаат во нови романтични мигови.

 

 

Oсвен актерството, Канела е познат во латино светот и по многутте хитови. Токму денеска, тој ја промовираше најновата летна песна “Pa que me invitan”, заедно со видеоспот за истата. Песната е веќе подолг период подготвувана, и е во реге ритам. Актерот признава дека го обожува реге звукот и дека токму Боб Марли, кралот на регето, е еден од неговите најомилени пејачи.

 

 

Овој период наголемо Канела го подготвува неговиот нов албум и е целосно посветен на музиката, па затоа и нема време многу за љубов. По разделбата со неговата бивша девојка Габи Еспино (партнерката од “Диабло”), за актерот нема никаква шпекулации за нова љубов. Со Габи го имаат синчето Николас.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!