Нова сезона од “Hit the floor” на МТВ 1
Македонската телевизија започнува со емитување на најновите епизоди од американската серија “Фати го ритамот”, која се емитува моментално во САД. Серијата на Прва ќе се емитува секоја сабота во 20.15 часот и недела во 21.40 часот.
Новата сезона од исклучително динамичната серија „Фати го ритамот“ е проткаена со многу музика, „жешки“ девојки, драма, секс, мистерија и… еден голем сон на тимот „Ѓаволски девојки“ да го достигнат врвот! Дејството на серијата се одвива во Лос Анџелес, каде што низ епизодите што следуваат ќе проследиме низа драматични моменти на главните ликови.
Епизоди што буквално експлодираат од возбудливи моменти, многу танц и музички нумери, скандалозен свет што го сочинуваат професионални кошаркари, сопственици на клубови и тренери, а првенствено млади и згодни танчарки.
Покрај стандардната екипа, како специјални гости се појавуваат Били Болдвин, Лин Вајтфилд, Енди Бакли и Џонатан Бенет.
Во првата сезона се запознавме со младата девојка Аша која сакаше да стане танчaрка во светот на професионалната кошарка. И покрај забраните од страна на нејзината мајка, таа станува дел од тимот на Ѓаволиците од Лос Анџелес. Тимот веќе има своја ѕвезда, Јелена, која е непријателски настроена кон новодојдената Аша, која ги прави првите чекори не само во тимот, туку и во елитните холивудски кругови. Аша стана одушевена од новиот начин на живот, но никако не успева да го усогласи со стариот. Тешко и успеваше да им одолее на искушенијата на Холивуд.
Веќе во почетокот на новата сезона, Ѓаволите“ се подготвуваат за претставување на шампионскиот прстен, додека девојките ги одржуваат своите аудиции. Во меѓувреме, Аша се чувствува многу пријатно со Герман, но длабоко во себе е потиштена и крие голема тајна. Лајонел станува моќна како нова шефица. Рејчел повторно им се враќа на Ѓаволските девојки.
Дани | ТВ Пакет