Петко си замина од Телма телевизија
Детската телевизиска серија „Пет плус“ која ги следи авантурите на познатиот лик Петко повторно се враќа на малите екрани, овој пат на Македонската телевизија. Најмладата генерација од средината на октомври ќе ужива во 40 нови епизоди во кои се прикажани лудориите на Петко и неговите пријатели. Во продолжението на серијалот ќе се емитуваат и десет нови детски песни.
„Се надевам дека проектот „Пет плус“ кој го склучуваме со продукција „ОХО“ поддржан од Британската амбасада, само ќе не води во правец на подобрување на програмата. Сепак овоа не е меморандум којшто го потпишуваме за едногодишна соработка, туку ја поддржуваме соработката во следните неколчку години“, изјави Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на првиот програмски свервис на МТВ.
Проектот е поддржан од Британската амбасада. Потпишаниот меморандум го официјализираше стартот на соработката, објавува МТВ.
„Програмата што ќе се емитува е многу забавна за децата, но освен тоа здружените сили на МТВ и на ОХО продукцијата креираат нешто што се фокусира на различностите во македонското општество“, вели амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Гарент.
Детската емисија „Пет плус“ веќе десетина години се емитува во етерот, а епизодите се наменети за децата од четири до девет години.
Дани | ТВ Пакет