Почетна / Сапуници / Нема веќе Аси, Сила, Ѓумуш… – Арапите ставија забрана на турски серии!

Нема веќе Аси, Сила, Ѓумуш… – Арапите ставија забрана на турски серии!

 

Арапските земји ги укинаа турските драми

 

„MBC груп“, најголемиот тв емитер на турски серии во арапскиот свет, денес соопшти дека повеќе нема да емитува турски серии, што е резултат на зголемените тензии меѓу Анкара и одделни арапски држави. Поради нарушените политички односи, арапските земји од Средниот Исток и Северна Африка нема да емитуваат турски серии повеќе, кои во овие земји одеа надсинхронизирани на арапски.

 

 

„Донесена е одлука која и тоа како опфаќа и неколку арапски телевизиски станици во неколку држави вклучувајќи ја и MBC, која има обврска да прекине со емитувањето турски драми“, изјави портпаролот на „MBC груп“, Мазен Хаек.

Одделни арапски критичари на социјалните мрежи воделе кампања против, како што велат, турското влијание, кое преку сериите се емитува во арапските домови.

 

 

„Ова може да биде добра иницијатива за арапските продуценти да создадат добри арапски драми, кои ќе бидат алтернативи на оние што повеќе нема да бидат емитувани“, порача Хаек.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!