Секоја сабота, без цензура во 21 часот
TLC носи инспиративни, шокантни и емотивни моменти од животот на луѓето во новата серија „Тоа е животот“, која ќе се прикажува од сабота, 16 септември во 21:00 часот. Серијата „Тоа е животот“ ги води гледачите во реалниот живот на семејствата ширум САД.
Оваа емотивна серија ги следи семејствата кои се наоѓаат во исклучителни околности, и настаните ќе ги погледнете без цензура, онака како што навистина се случуваат. Приказните кои ќе им бидат прикажани на гледачите се автентични, без филтри и откриваат животни ситуации кои дури е тешко да се замислат. Гледачите преку нив ќе ја делат радоста и ентузијазмот на вистински луѓе во клучните моменти од нивниот живот.
Секоја епизода претставува две уникатни приказни за семејствата и нивните најблиски додека доживуваат незаборавни моменти кои ќе им го променат животот засекогаш. Драматични приказни, шокантни откритија и големи изненадувања се снимаат во реално време и се прикажуваат без цензура.
Од првите чекори на една жена која никогаш не одела, татко кој после долго време се соединува со изгубен член на семејството и глувродител кој за прв пат слуша „Те сакам” од своето дете… гледачите заедно со сите од нив ќе ги споделат незаборавните и интимните моменти низ оваа драматична серија која допира во сржта на семејниот живот.
Дани | ТВ Пакет