Нов документарен серијал на локалните телевизии
Мега машини што сечат низ тврд камен. Транспорт на неколку тонски камени блокови. Модерни летала што секојдневно пренесуваат милиони луѓе од една до друга страна во светот. И вселенски бродови што праќаат луѓе кон ѕвездите. Но, дали се ова примери на модерната технологија или постојат докази дека овие неверојатни достигнувања постоеле на Земјата пред илјадници години? Можно ли е древниот човек да поседувал знаење далеку понапредно од нашиот век? И ако е така, од каде дошло?
Милиони луѓе во светот веруваат дека нашата планета во минатото била посетена од екстратерестријални суштества, во превод вонземјани. Постојат тврдења кои велат дека уште во древните времиња не посетувале такви суштества кои ни пренеле научни технологии и кои влијаеле во обликување на нашата историја. Што ако тие мисли и тврдења се вистинити? Што ако тие битија оставиле траги зад нив, кои се скриени… пред нашите очи? Што ако можеме да ги најдеме доказите?
Од продукцијата на Promethus Entertainmenta на фреквенцијата на локалните телевизии ширум земјава стигнува нова документарна серија, која со помош на историски текстови и археолошки ископи, се обидува да докаже дека вонземјаните учествувале во развојот на древните цивилизации. Документарецот прашува – Кои се тие битија, зошто дошле и каде отишле, ќе се вратат ли?
Натчоевска сила, натприродни моќи и неверојатна способност за летање. Дали митските богови навистина постоеле или како што некои веруваат, се работи за вонземјански суштества кои ги создале пирамидите на друг континент и пред времето на Египтјаните?
“Античките вонземјани” ќе се емитува од понеделник до петок во 17.45 часот на МТМ телевизија. Досега се снимени над 110 епизоди, а емитување на History каналот продолжува и понатаму.
Дани | ТВ Пакет