Каков крај ја очекува внуката на баба Султана?
Оваа сабота на Сител телевизија, веднаш по централниот Дневник ќе биде прикажана последната епизода на комичната турска серија “Убавата селанка”. Приказната за девојката која по грешка на судбината се досели од градот во чудното село, дојде до својата завршница.
Играта на докторот е откриена, расплетот е на чекор до крајот. Љубовта меѓу Ѓул и Џемал се роди во необичната средина на селото Ѓузелкој и токму таму ќе продолжи да живее. Што ќе ви приредат веселите селани на крајот на серијата, дознајте во сабота на Сител.
На местото на “Убавата селанка”, во викенд термините ќе се емитува љубовната драма “Заборави ако можеш”.
Дани | ТВ Пакет