Почетна / Филм / Томо од „Чиста љубов“ во нов филм, прочитајте ја рецензијата

Томо од „Чиста љубов“ во нов филм, прочитајте ја рецензијата

 

Продолжуваме со филмските рецензии

 

ТВ Пакет во соработка со блогот Филмска анализа ви ја претставува најновата рецензија на Александар Арсовски. Се работи за рецензија на хрватската семејна комедија “Comic sans” (2018-та година). Во продолжение прочитајте ја рецензијата и потоа уживајте со овој нов филм :

 

 

Во последните осум години Навио Марасовиќ (Navio Marasović) се етаблираше како еден од попродуктивните режисери на балканските простори, а во овој филм освен за режија се потпишува и за сценарио. Имено овој филм е навистина добра комедија во поновата хрватска кинематографија, со доста добри дијалози и јасно претставени ликови кои имаат јасна цел и голема мотивација да го направат тоа што го наумиле.

Comic Sans обработува како главна тема – криза на еден триесетгодишен графички дизајнер, Алан Деспот (Јанко Поповиќ Волариќ / Janko Popović Volarić) кој ниже успеси на професионален план.

 

Воведниот дел на филмот е сместен во урбана средина на Загреб, но еден емотивен поттик е причината која ја отвара пандорината кутија на несредени чувства и нејасните животни цели на графичкиот дизајнер. Имено Алан повторно започнува од почеток да воспостави врска со поранешната девојка (Наташа Јањиќ/ Nataša Janjić) со која очигледно не му било добро во врската, а таа се уште не го сака назад. Осаменоста и одбивањето го доведуваат до точка на топење на неговата емоционална незрелост и несигурност поради што почнува да бара утеха во алкохолот, кокаинот и сексот со ќерки на неговите колеги од работа. Во ликот на Алан, особено кога зборува со загрижената мајка (Алма Прица / Alma Prica), Марасовиќ и Поповиќ Волариќ го претставуваат синдромот на возрасните тинејџери.

 

 

По поттик на мајката, Алан одлучува да замине во семејната куќа на Вис со таткото (Златко Буриќ / Zlatko Burić) со кој нема близок однос ниту стил на животот. Централниот дел на приказната е нивниот престој на островот каде што се обидуваат да средат погреб за некои нивни стари познаници и тука во овој дел доминира односот татко и син како и разликите и сличностите кои ги поврзуваат. Во овој план идеално е претставен уметничкиот афинитет на двата ликови кои кај таткото го отцртуваат во класичен и скоро романтичарски уметник, сликар, додека синот во многу попрактична варијанта на графички дизајнер. И додека тој избегнува да биде се тоа што е неговиот татко, тоа што тој навистина го прави е репродукција на однесувањето на неговиот татко.

Самиот Буриќ е толку природен што неговиот лик најмногу доминира низ целиот филм, дури и тогаш кога не е во центарот на вниманието, тој го носи дејствието, додека Волариќ доста добро изнесе лик на модерен триесетгодишен дизајнер во криза па дури и во моменти кога се носи со поприлично стереотипични хумористични сцени.

Приказната за несредените семејни односи се надополнува со некои стари и нови ликови кои ја отежнуваат маката на главниот јунак, а притоа настаните не одат во насока на разрешување или било какво подобрување, туку прифаќање на тоа какви што тие навистина се.

Филмот во целост е пренесен во еден пријатен хумористичен тон, а исто така целиот филм доста успешно е поткрепен и со совршениот избор на музика.

 

| ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!