Почетна / Серии / Норвешката крими серија “Варг Веум” во 22:10 часот на МТВ 1

Норвешката крими серија “Варг Веум” во 22:10 часот на МТВ 1

 

Уште една серија од Скандинавија – Варг Веум

 

Во терминот за крими серии, по завршувањето на шведската “Година 1790-та” започнува норвешката трилер серија “Варг Веум”. Серијата паралелно започнува во Србија и во нашата земја, а на МТВ 1 ќе се емитува од понеделник до петок по 22 часот.

 

 

Сценариото е дело на Gunar Stalesen и Geir Meum Olse, режијата на Ulrik Imtiaz Rolfsen, Erik Rihter Strand, Morten Tildum, Aleksander Eik, Stefan Faldbaken, Stefan Apelgren, Trond Espen Seim, а во главните улоги настапуваат Trond Espen Seim, Bjorn Floberg, Lene Nistrom.

Варг Веум е познат норвешки лик од крими романи, кои ги напишал норвешкиот автор Гунар Сталсен. Варг е приватен детектив кој живее во Берген, на западниот брег на Норвешка. Снимени се вкупно 24 епизоди, а по еден криминален случај ќе биде разработен во секои две епизоди. Напоредно со истрагата на многу мистериозни и бизарни злосторства која ќе ја води Верг, дејството го следи и неговиот приватен живот.

 

 

Серијата е снимена од 2007 до 2012 година. Романите за овој норвешки детектив постигнаа светска слава, преведени се на многу јазици. Самиот наслов на серијата “Варг Веум” значи волк во засолниште, што го опишува карактерот на главниот лик – одметник, осаменик. Освен романите и серијата, излезени се и многу стрипови за овој познат норвешки херој, а во градот постои и туристичка тура која го носи името на овој детектив.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!