Почетна / Серии / “Улица на ужасот” – мистериозните убиства од вторник на МТВ 1

“Улица на ужасот” – мистериозните убиства од вторник на МТВ 1

Убиства, мистерија, секс и криминал во новата британска серија на МТВ

 

 

Од понеделник во 22:15 часот, на првиот канал на Македонската телевизија започнува уште една костимирана серија (во тој термин претходно се даваа Спартак, Белата кралица и Црните пирати). Се работи за нова британска серија на BBC One од која се снимени две сезони, а третата се планира да започне со емитување во Велика Британија и САД веќе од следниот месец. Поради лошите рејтинзи кои ги има серијата, се планира третата да биде и последна сезона, а на МТВ 1 ќе ги гледаме само првите две.

 

 

Озогласениот и морничав лондонски кварт Вајтчепел е местото каде ќе се одигра дејството на оваа криминалистичка серија. Бордели, пабови, темни сокаци, проститутки, силувачи, просјаци, насилници, банди, тоа се луѓето и местата на таа позната лондонска улица. Април, 1889 година, шест месеци по последното злосторство на познатиот хорор лик Џек Мевосек, во квартот на ужасот се случуваат нови убиства на жени. Тоа ќе ги натера инспекторите Едмунд, Хомер и Бенет да воведат ред и да откријат дали убиецот Мевосек се вратил на местото на злосторствата или се работи за негова достојна копија. Дел од ликовите се мадам Сузан, познатата дама на борделот, проститутката Роуз, новинарот Фред и Емили Реид чија ќерка е жртва на мистериозниот убиец.

 

За љубителите на крими сериите, за оние кои сакаат мистерија, морничави места и многу интриги, доаѓа “Улицата на ужасот”, од понеделник до петок на Македонската телевизија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!