Почетна / Сапуници / Видео | Викенд уживање со најновиот концерт на Наталија Ореиро

Видео | Викенд уживање со најновиот концерт на Наталија Ореиро

 

Нашата омилена Качора изгледа исто како и пред 20 години

 

Сите ја сакаа, сите ја гледаа, сите уживаа со неа, сите со задоволство и смеа ги паметат стотиците часа поминати со Наталија Ореиро и нејзините серии, емитувани одамна на А1 телевизија. Скромно и ненападно се појави во “Топ модели”, но вистинско внимание привлече со улогата на Валерија во интригантната аргентинска новела “Богати и славни”.

 

 

И откако заврши серијата и гледачите почувствуваа празнина во 21 часот, А1 телевизија им приреди ново изненадување. Следуваше бум со “Дивиот ангел”, серија која ги спои и старите и младите генерации заедно пред малите тв екрани, секојдневно забавувајќи ги со лудориите на Мили.

Потоа следуваше и уште пооткачената “Качора” која помина исто успешно како и претходницата. Пред неколку години, на локалните телевизии се емитуваше уште една серија со неа – “Аманда О”.

 

 

И сега… толку години подоцна, Наталија изгледа потполно исто како тогаш. Убава, харизматична, забавна и единствена. Во продолжение ви го подаруваме нејзиниот настап на аргентинскиот фестивал Вила Марија, каде ги пее и песните од нејзините серии. Уживајте!

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Последната сезона на „Женкар“ започнува на Канал 5

По завршувањето на мини серијата „Црна судбина“ од идната недела на Канал 5 започнува финалната …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!