Почетна / Телевизија / TLC открива што може да направи пластичната хирургија

TLC открива што може да направи пластичната хирургија

 

Ново реално шоу на TLC каналот

 

 

Нашата желба  за совршено тело е бизнис во кој се вртат милијарди фунти. Од врвот на нашите глави па се до стапалата, не постои ништо што неможе да се направи кога станува збор за козметичката хирургија. Но, секоја операција со себе носи и ризик, и многу луѓе се оставени со унакажени тела. Во оваа серија се следат топ хирурзите кои треба да ја поправат штетата од неуспешните претходни операции.

Во секоја епизода се следат четири приказни, каде најпознатите хирурзи за пластични операции во Британија, се соочуваат со проблемите на пациентите. Трагични приказни од луѓе кои или преживеале несреќи па сакале изгледот да си го вратат во првобитна форма, или луѓе кои биле незадоволни од изгледот па се решиле да отидат под нож, но исходот од операцијата не бил посакуваниот.

 


 Какви сè грешки прават луѓето при изборот на лекар или кога сакаат да заштедат некој денар. Колку новата операција ќе им помогне, и дали ќе им ја врати насмевката на лицата  и самодовербата, проследете од денеска  во 21 часот на TLC каналот во новата емисија “Унакажани тела”.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!