Нова надсинхронизирана викенд серија за деца
По “Куќата на Анубис” и “Меѓи и Бјанка”, Сител телевизија носи уште една слична серија за деца. “Гоуст рокерс” е белгиска серија во продукција на Студио 100, од која досега се снимени над 200 епизоди во времетраење од 12 минути. Се емитува на белгискиот канал Кенет, холандскиот канал РТЛ Телекидс, НРК Супер во Норвешка, како и на детските канали Мегамакс во Молдавија, Романија, Унгарија, Чешка, Словачка.
Новата серија носи нови авантури на нови детски јунаци. Мила, Јонас, Чарли, Алек и Јими одат во исто училиште за танц, глума и музика. По часовите се собираат во училишниот подрум за да свират на инструменти, кои одненадеш… започнуваат да свират автоматски и паранормално штом ги земеш во рака.
Тука има нешто чудно и мистериозно за децата, па така тие ќе откријат дека во подрумот се убиени членовите на музичкиот бенд The Freebirds. Од епизода во епизоди, гоуст рокерите ќе се обидуваат да ги откријат убијците на музичкиот бенд.
Улогите ги толкуваат младите белгиски актери Tinne Oltmans, Juan Gerlo, Marie Verhulst, Elindo Avastia, Wout Verstappen, Justine De Jonckheere. Серијата може да ја следите секоја сабота и недела околу 10 часот и 30 минути наутро во утринскиот цртан блок на Сител.
Дани | ТВ Пакет