Снимана во Босна – приказна за војната и љубовта
Од понеделник до петок во 00 часот и 15 минути на Алсат М телевизија се емитува новата турска серија “Плави пеперутки”. Ова е втора серија која Алсат ја емитува со македонски титл, по претходната “Приказна од Истанбул” која одеше во истиот термин.
Во продолжение ве запознаваме со содржината на серијата :
Ова е приказна за неколку млади луѓе како Аида, Мурат, Марко и Дерја, заробени во воениот виор во Босна и Херцеговина. Ова е приказна за животот, пријателството, неволјите, судирите и љубовта. Дејството започнува 1991 година во Босна и Херцеговина, непосредно пред војната. Мурат, по студиите по медицина завршени во Истанбул, се враќа во својот роден град во Босна. Неговиот повраток желно го очекува Аида, која уште од детските денови е вљубена во него. И тој е исто така заљубен во неа, но ги крие своите чувства, поради околностите кои ги окружуваат, ситуациите кои го менуваат нивниот свет.
Но во Мурат е заљубена и Дерја, која доаѓа од богато турско семејство, и чија љубов кон Мурат ја носи во Босна, подготвена да војува за својата љубов и својот живот. Таа е многу ценета во богатите кругови порадо помошта која ја дава кон настраданите од војната во Босна. Во приказната се вклучува и Марко, најдобриот другар на Мурат. Сите овие ликови влегуваат во интересни љубовни лавиринти и интриги, а нивните емоции дополнително ќе се усложнат од мирисот на барутот и крвта која со себе ја носи смртта.
Улоги: Oya Okar (Аида), Yunus Emre Yıldırımer (Мурат), Cahit Gök (Марко), Gamze Topuz (Дерја)
Дани | ТВ Пакет