Почетна / Серии / Епохалната драма „Свет без крај“ од среда на Телма во 21 часот

Епохалната драма „Свет без крај“ од среда на Телма во 21 часот

 

Нова приказна за едно старо време на борба за слобода

 

Во вторник (2 јануари), Телма телевизија ќе ја емитува последната епизода на историската мини серија “Pillars of the Earth”, а веќе од среда, 3 јануари, во истиот термин, 21 часот започнува спин оф на Столбовите. Нова мини серија во 8 продолженија.

 

 

Новата средновековна драма “Свет без крај” е канадско-британска продукција, снимена по истоимената книга на Кен Фолет, авторот и на “Столбовите на земјата”. Снимана е во Унгарија, Австрија и Словачка, а во главните улоги настапуваат Синтија Никсон, Миранда Ричардсон, Питер Фирт, Бен Чаплин, Шарлот Рилеј, Руперт Еванс и многу други.

 

 

14 век, Англија, време на природни катастрофи, војни и болести, време за превласт и време кога се јавува смртоносната чума. Дејството на серијата е сместено 150 години понапред од она во Столбовите и претставува хроника на случувањата во едно англиско измислено гратче, Кингсбриџ кое станува мета на борба за власт во текот на стогодишната војна со Франција.

 

 

Како би го спасиле градот, младата визионерка Керис, нејзиниот љубовник Мертин и сер Томас ќе соберат луѓе кои ќе треба да се спротистават на Црквата и Кралството. Нивната храброст ќе ја инспирира цела Европа, па во сите градови и села, луѓето ќе започнат масовни буни за своите права и борба против самоволието на свештениците и владарите.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!