Почетна / МК Сцена / Дино Мерлин со песна ќе го обедини Балканот во Охрид на 23 јули

Дино Мерлин со песна ќе го обедини Балканот во Охрид на 23 јули

 

23 јули, Охрид – голем концерт на балканската ѕвезда

 

Дино Мерлин на дело покажува дека е вистински волшебник. Онаков, кој што успева на едно место, со песна да го спои цел регион. Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Бугарија и Албанија буквално навалија на влезниците за концертот закажан за 23 јули на стадионот Билјанини извори во Охрид. Организаторите со задоволство објавија дека до денес, се продадени повеќе од 5.000 влезници.

 

 

Од интересот на регионалните гости за овој концерт на Мерлин во Охрид изненадени се и официјалните дистибутери на онлајн влезници eventim.rs од каде што изјавуваат дека досега не виделе ваков интерес и ваков тек на продажба на влезници. Освен гостите од надвор, и македонските фанови на време обезбедуваат влезници за концертот кој што ќе го одбележи ова лето во Охрид. Најбројни се фановите од Штип. Но не заостануваат ниту останатите градови од Републиката.

Фактот дека влезниците се достапни буквално на секој чекор е вистинска олеснителна околност на време да го обезбедите својот влез на концертот кој што ќе трае повеќе од три часа и каде што без загревање и гости, исклучиво со песните на Дино Мерлин ќе се забавува цел Балкан.

 За оние кои што сеуште се размислуваат за влезница, истата можат да ја најдат по супер цена  почнувајќи од 650 денари за Партер, преку 1000 денари за Фан Пит кој што пак e ограничен на 2500 влезници, се до ВИП влезница која чини 1500 денари и до која можете да стигнете само преку резервација.

 

 

Останатите продажни места овојпат подостапни од било кога. Освен што ќе можете да ја најдете во било кој Тинекс Маркет во државава, влезница како и концертни реквизити и сувенири ќе можете да набавите на самиот плоштад во Охрид, до 23.07. Стандардните места за продажба на влезници како Розе Веро 2, Југотон и локални киосци, остануваат на листата на продажни места низ цела Македонија. (детално, продажните места во цела Македонија поединечно по градови, можете да ги видите на следниот линк: https://www.facebook.com/dinomerlinvoohrid/ )

 

 

Еден од најдобрите македонски брендови, ЦЕВИТАНА е официјален покровител на концертот и со секоја купена влезница, публиката ќе може да ужива во гратис пакување на вкусовите на Цевитана.

 Почетокот на концертот е закажан за 21.30 часот. Песната со која што Дино Мерлин за сите кои што на тој 23 јули ќе се најдат во Охрид, ќе го отвори својот “Хотел Национал” е Шкољка.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!