Почетна / Серии / Канадската полициска драма „Флешпоинт“ од утре на Сител

Канадската полициска драма „Флешпоинт“ од утре на Сител

 

 

Од утре на Сител телевизија започнува канадската полициска драма “Флешпоинт”. Авторите на серијата, Стефани Моргинстин и Марк Елис, инспирација нашле во прочуената единица ETF (Emergency Task Force) која се занимава со решавање на најкомплицираните криминални случаи во Торонто и чии припадници се изложени на животна опасност при секоја следна задача. Од серијата досега се снимени вкупно 5 сезони, односно 75 епизоди.

 

 

Во серијата, таа специјална единица на полицајци се вика SRU (Stratigic Responce Unit) и секојдневно решава најразлични случаи, од киднапирања, до терористички напади, разбивање на банди, сериски убијци и други акции кои обичната полиција не може да ги превземе. Овие полицајци се опремени со најсовремената технологија и оружје, а при решавање на опасните случаи, тие користат своја тактика на преговарање, но доколку мирољубивиот пристап се покаже неуспешен, дури тогаш користат и сила и оружје. Припадниците на Флешпоинт се: Ед Лајн (Хју Дилон), Џулс Калахан ( Ејми Џо Џонсон), Лу Јанг (Марк Тејлор), Грег Паркер (Енрико Колатони), Спајк Скарлети (Серџо ди Цио), Роли Креј (Габриел Хоган), Ворди Вордсворт (Мајкл Крим) и Сем Бредик (Дејвид Петко).

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!