Почетна / Серии / Серијата „Криминална истрага – Лос Анџелес“ во 23:45 часот на Сител

Серијата „Криминална истрага – Лос Анџелес“ во 23:45 часот на Сител

 

Нова крими серија од понеделник до петок на Сител телевизија

 

Од вечерва на Сител телевизија започнува новата американска крими серија “NCIS: LA”. Оваа полициска драма ќе се емитува секој работен ден на Сител, по Дневник 2. Во САД моментално се емитува шестата сезона.

Во редот на процедуралните серии кои се занимаваат со крими случаи, влегува и оваа серија во која еден тим со сили ќе се бори за националните интереси, го жртвуваат својот живот, секоја секунда за нив е неизвесност, секоја лузна сведочи за нивното пожртвување во борбата против криминалот, а со секоја премината граница, се чекор поблиску до смртта. 

 

 

Специјалниот агент Џи Колен не бира начин да се инфилтрира во криминалното подземје и да ги открие најголемите злосторници, а негов партнер е Сем Хан, бившки американски припадник на Нејви, кој се борел во Авганистан и Ирак. На овој тим му помага Хети која ги снабдува со секакви потребни средства, од микрокамери до автомобили. Тука е и Кенси, неверојатно интелигентната ќерка на убиен маринец, која живее за адреналин при тајните акции и задачи, искусниот детектив Марти, техничкиот оператор Ерик, аналитичарката Нел која ги воодуишевува сите со својата прецизност и проценка во различни ситуации, како и Овен, чие минато и е познато само на Хети. Наоружани со високотехнолошка опрема, овој тим влегува постојано во ситуации опасни по живот со цел да ги разоткријат најголеми криминалци во Лос Анџелес.

Главните улоги ги толкуваат Chris O’Donnell, LL Cool J и Linda Hunt

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!