Почетна / Забава / 25 изненадувања за 25 години постоење Технокооп

25 изненадувања за 25 години постоење Технокооп

 

Македонската компанија Технокооп мебел на Саемот за мебел ќе ги израдува своите купувачи со вредни изненадувања. Преку наградување на купувачите Технокооп мебел ја одбележува 25тата година од своето постоење на пазарот.

 

 

Француски лежај, трпезариска маса со столици, релакс лежалка, вредносни ваучери од Технокооп мебел, Coincasa и @Home, клуб масички, табуретки се изненадувањата коишто ги очекуваат. Наградите ќе се добиваат по принципот на извлекување, а право на учество во извлекувањето ќе имаат оние купувачи кои што направиле нарачка на саемот за мебел од Технокооп со вкупна вредност од минимум 15.000 денари. По купениот или нарачаниот предмет од штандот на Технокооп мебел, купувачот добива право да извлекува една од 25те награди.

 

 

„Кога влеговме во 25-тата година постоење одлучивме да ги одбележиме сите овие години на растење, развивање и креирање на пазарот преку изненадувања за купувачите. Сакаме преку изненадувања, бенефицирани програми, промоции и акциски намалувања да возвратиме на довербата што во текот на 25те години постоење ја добиваме од купувачите“, изјави Тони Божиновски, генерален менаџер на Технокооп мебел.

 

 

Технокооп мебел е една од првите компании за мебел во Македонија, којашто се издвојува со услугата дизајнирање и изработка на мебел според индивидуалните барања на купувачите, како и квалитет во производството, иновативност во опремувањето на ентериери.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!