Почетна / Телевизија / 25% намалување на дозволите за сите радиодифузери за 2023-та

25% намалување на дозволите за сите радиодифузери за 2023-та

Имајќи ги предвид тековните случувања со енергетската криза и големиот раст на цената на електричната енергија кој директно се одразува врз функционирањето и економската одржливост на радиодифузерите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе обезбеди финансиска помош – донација за радиодифузерите која ќе се реализира преку намалување на нивниот надоместок за дозвола за радио и телевизиско емитување за 2023 година.

Во рамки на финансиските можности на Агенцијата, ова намалување изнесува 25% од надоместокот за дозволата, пресметан согласно формулата утврдена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата се надева дека со оваа донација ќе придонесе за надминување на последиците од постојната енергетска криза и за непречено функционирање на радиодифузерите и во наредната година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!