Почетна / Телевизија / Дали може да се симнат над 270 килограми? Откријте на TLC

Дали може да се симнат над 270 килограми? Откријте на TLC

 

Нов риалити серијал – Мојот дебел живот

 

TLC  во новиот серијал Мојот дебел живот, не запознава со луѓе кои имаат премногу килограми и нивната борба со дебелината. Нивното здравје е загрозено до степен што се на работ на смртта бидејќи тежат преку 270 килограми. Со поддршка на експертите и TLC, цел им е за една година да изгубат и до 100 килограми.

 

 

Секоја епизода ни носи интересна приказна за личности кој се решаваат дури и за хируршко смалување на желудникот, само за да си го спасат животот и еднаш засекогаш работите да тргнат на подобро. Гледачите ќе имаат шанса да следат осум личности, кој започнале психичко, емоционално и исцрпувачко патување кое трае една година. Секоја едночасовна епизода, опфаќа една година од нивниот живот, каде  поради тежината се неподвижни и генерално зависат од другите за наједноставните секојдневни обврски и потреби, како одење, возење или одржување на личната хигиена.

 

 

Во обидот да стекнат самостојност, овие индивидуи, ќе мора да сесоочат со сопствените демони и со реакциите, како негативни така и позитивни од најблиското опкружување. Патот на трансформацијата во серијалот го надминува моментот само да се изгубат килограмите, па така ни раскажува и приказна за ставот, болката, ранливоста, победата и гордоста.

Серијалот ќе се емитува секој петок во 20 часот на TLC. 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!