На денешен ден е роден Бенхамин Ројхас Песи или популарен како Пабло од „Млади бунтовници“. Популарниот актер, пејач и поранешен модел потекнува од Аргентина, роден е во Ла Плата на 16. април во 1985. година. Македонската публика го виде единствено во серијата „Млади бунтовници“ што се емитуваше на А1 телевизија, но таа улога беше доволна за тинејџерите од генерацијата никогаш да не го заборават овој лик. Речиси сите девојки беа „вљубени“ во Пабло Бустаманте.
Бенхамин имаше и гостување во една од сезоните на „Casi Angeles“ кадешто се претстави самиот себеси како ѕвезда. Денес полни 28 години, во прилог се фотографии на кои можете да погледнете како изгледа.
Ивана Таневска | ТВ Пакет