Откако ќе ја испрати Сесилија, Октавио продолжува со својата двојна игра и ја посетува Трини каде што води љубов со неа.
Следниот ден, Трини и се доверува на својата внука Анхелес дека почува да се вљубува во Октавио иако мислела дека никогаш нема да го преболи Игнасио.
Сесилија и се доверува на Чоле дека минатата ноќ била излезена со некој што ја прави да се чувсвтвува како никогаш порано, но сепак на својата нана не и кажува за кого се работи. Во тој миг, Диего ја известува својата сестра дека се вратил Хаиме.
Нати ја прашува Лусија зошто ја крие својата болест од Густаво а таа и признава на својата пријателка дека се плаши оти ќе го загуби и сака последните денови од животот да ги помине покрај саканиот човек.
Во пријателски разговор, Сесилија му признава на Хаиме дека повеќе не може да биде со него и дека е вљубена во многу постар маж од неа. Со скршено срце, Хаиме и посакува се најубаво.
Работејки на нов случај, Нати случајно ќе дознае дека Хулијан е во брак веќе со години.
По направената биопсија, Лусија дознава дека туморто се претворил во рак и доктор Кампос и закажува итна операција.
Нати која ја придружува Лусија на прегледот, и ја дава целата своја подршка. Лусија повтпрно ја замолува својат апријателка да не кажува никому за нејзината болест најмалку на Густаво и нејзините деца.
По прегледот на Лусија, Нати се враќа во адвокатската канцеларија каде што се соочува со Хулијан. Таа му префрла дека е женет а тој и се колне дека бракот меѓу него и неговата жена не функционира со години и дека се во процес на развод. Огорчена, Нати му вели дека никогаш повеќе нема да има доверба во него.
Мирјам го замолува својот внук да размисли дали сака да биде со зрела жена како Лусија кој ане може да му роди деца. Густаво и префрла на својата тетка да го остави да си го живее животот како што тој сака.
Откако дозна дека има рак, Лусија е растревожена и отустна во мислите. На прашањето од страна на нејзината мајка зошто се променила во последно време, Лусијa и одговара дека сфатила колку погрешила кога се омажила за Игнасио и дека се што сака сега е да живее во мир.
продолжува