Почетна / Вебновела / „Предавство“ епизода #3 |Alevosía

„Предавство“ епизода #3 |Alevosía

 
 
За време на паузата во клиниката, во кантината се среќаваат Густаво и Анхелес, каде што девојката смело го кани докторот да го прошета низ градот. Густаво прво скептично, но сепак прифаќа да ја запзонае подобро Гвадалахара.
Лусија добива изненаден телефонски повик, каде што нејзината сестра Тринидад ја кани на ручек. Двете сестри ќе се најдат во договорениот ресторан, каде што Тринидад и се извинува на Лусија за аферата со Игнасио, признавајки дека со години е вљубена во него.
 
Нешто подоцна, Лусија и се доверува на Чоле за она што и го кажала нејзината сестра. Секогаш бистрата домарка, ја советува Лусија да не и верува.
– Ја познавам Трини од дете. Секогаш ти завидувала, девојче мое. Многу пати имаш паднато на нејзините стапици. Немој и овој пат, – е советот кој домарката и го дели на саканата господарка.
За време низ гратската прошетка, тоа попладне, во неврзан разговор Анхелес му признава на Густаво дека нема момче но го лаже дека наполнила дваесет и три години, криејки ја својата вистинска доба. Девојката исто така ќе сокрие дека е богата и ќе излаже дека одвај влегла да стажира во клиниката, со цел да не го одалечи Густаво уште на почетокот кажувајки му дека е ќерка на газдата за кој тој работи.
Карикирајки го својот глас, Тринидад и се јавува на Лусија и телефонски ја известува дека таа вечер нејзиниот сопруг ќе се најде со својата љубовница во хотелот Плаза.
Лусија решава да оди и да го следи Игнасио, земајки фото апарат за да го слика неверството за да има потребни докази за на суд ако Игнасио одбие да се разведе. Но кога ќе дојде во хотелот, Лусија нема сила да направи ниту една фотографија бидејки го затекнува својот сопруг со својата сестра.
Густаво ја допратува Анхелес до дома, поточно до задниот влез на куќата, каде што му кажува дека живее со својата мајка која работи како готвачка во богата фамилија. Густаво и заблогодарува за убаво поминатиот ден и дека одвај чека повторно да се видат на работа. Користејки ја ситуацијата, Анхелес го бакнува страсно, на што Густаво не останува рамнодушен. Анхелес не е ни свесна дека од прозорецот во кујната целата таа сцена ја гледа Чоле.
Кога ќе влезе во куќата, Чоле ќе ја прекори Анхелес дека го изневерува своето момче Дарио кој е на студии во САД. Анхелес дрско ќе и одговори да си ја гледа својата работа и да не се меша во нејзиниот живот.
Следниот ден, Лусија и се доверува за настанатата ситуација на својата пријателка Нативидад, при што Нати отворено ќе ја праша дали можеби сеуште има чувства за Игнасио?
На адресата во вилата стигнува голем букет со црвени рози и Анхелес верува дека се за неа, но всушност розите се за нејзината помала сестра. Бесна кога ќе ја прочита картичката, Анхелес го фрла букетот по мермерниот под, довикувајки и на сестра си дека некој од милост и пратил рози. Сесилија ќе се изненади кога ќе ја прочита картичката и ќе му јави на Хаиме да му заблагодари за убавите рози.
 
Младата Анхелес се вљубува во новиот хирург
и одлучува да го изневери своето долгогодишно момче Дарио.
Густаво кој е договорен со Нативидад да се најдат во нејзината канцеларија за да отидат и да разгледуваат станови за него, тоа претпладне, паркирајки го автомобилот ќе се судри со автомобилот на Лусија која заминува од канцеларијата на пријателката. Кога двајата ќе се уверат дека не е направена поголема штета, срдечно ќе се поздрават а тој ќе и даде своја визит карта во случај да треба да го плати кварот на ретровизорот.
Октавио за прв пат го гледа загрижен својот пријател Игнасио. Игнасио му признава дека Лусија е сериозна за разводот и дека е спремен на се за да го задржи тој брак, дури и да ги прекина аферите со своите љубовници.
Диего влегува во конфликт со својата постара сестра Анхелес, поради тоа што го направила со букетот од Хаиме за Сесилија. Во таква ситуација ги начекува Игнасио, па бесна и повредена, Анхелес ќе го искодоши својот брат дека веќе цел семестар не следи настава.
– Дали е вистина тоа што го зборува твојата сестра, Диего?, – со разиграна вилица ќе го праша неговиот татко.
– Да, вистина е! Јас не сакам да бидам хирург како тебе! 
По долго време, момчето конечно зеде храброст да му признае на својот татко. Игнасио започнува да го удира својот син, но домарката Чоле ќе успее да ги смири страстите и да ги раздели двајцата.
Подоцна, на големо изненадување на Чоле, Игнасио ќе ја замоли да не и кажува ништо за инцидентот на Лусија. Чоле не може а да не се запраша што наумил овој пат.
Лусија не може да престане да мисли на Густаво. Има необјаснета потреба да го слушне, па ќе ја искористи визит картичката за да го добие, со изговор дека посетила авто механичар и дека автомобилот е во одлична состојба. Разговорот ќе продолжи спонтано и на крајот Густаво ќе ја покани на кафе. Како гром од ведро небо, Лусија неочекувајки ваква покана, му вели ‘не’ и ја прекинува врската. Изненаден од ваквиот однос, особено што таа му се јави него, веднаш по разговорот со Лусија, Густаво добива телефонски повик од Анхелес и го кани на вечера.
 
Густаво не е ни свесен во каква
игра се впушта.
Дарио, момчето на Анхелес кој изненадно е вратен од САД за божикните празници, сака да ја изненади својата девојка, но кога ќе стигне пред вилата, забележува како Анхелес ја напушта гаражата со својот автомобили и одлучува да ја следи.
Дарио е крајно изненаден кога ќе ја види својата девојка како се среќава со друг маж во елитен ресторан. Уште повеќе кога неговата девојка и непознатиот млад човек заедно ќе влезат во ресторанот, фатени за рака.
Игнасио ја посетува Лусија во спалната соба и ја замолува да му прости за неверствата и однесувањето, но Лусија е цврста и решена дека сака развод. Дијалогот ќе се претвори во расправија за на крајот вон себе, користејки ја својата машкост, Игнасио да ја силува својата сопруга.
Сама и во солзи, Чоле ја наоѓа својата газдарица која и признава што се случило. Без сомнеж, Чоле и признава дека истиот ден, дон Игнасио го тепал Диего, а потоа ја убедува дека најдобро решение е да ја напушти куќата засекогаш.

продолжува

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!