Продуцентите на шоуто „Х Фактор“ на актерката Мерием Узерли и понудија хонорар од 30.000 евра по епизода. Убедени се дека оригиналната султанка Хурем ќе има ја подигне гледаноста.
– „Снимањето на турската верзија требаше да започне во декември, но го поместија за март следната година затоа што Мерием треба да се породи тој период“, открива близок избор на шоуто „Х Фактор“. Актерката којашто се прослави како султанката Хурем во телевизискиот спектакл „Величествениот“ после речиси едногодишна пауза ќе се врати во Турција од родната Германија.
Потсетуваме дека ова лето Мерием без најава го напушти сетот на „Величествениот“ затоа што снимањата станале многу напорни. Замина во куќата на своите родители во Германија кадешто се лечеше од депресија. Потоа се дозна дека актерката е бремена. Веста за бременоста не му се допадна на нејзиниот свршеник, па ја остави. „Не сакав повторно да станам родител. Веќе имам две деца за кои морам да плаќам алиментација“, изјави Џан Атесу.
Мерием очигледно брзо се снајде и без него, а од новата работа нималку не се плаши. „Самоуверена сум, храбро им се спротиставувам на стравовите“, вели оригиналната Хурем султан.
| ТВ Пакет