Документарен филм “Животот после Чернобил” на Дискавери
30 годишнината од најголемата нуклеарна катастрофа, Дискавери каналот ќе ја одбележи со прикажување на документарниот филм „Животот после: Чернобил“, во вторник, 26 април во 20 часот. Експлозијата на реакторот на чернобилската нуклеарна електрана, резултираше со голем радиоактивен облак во атмосферата кој од Украина се прошири дури до Скандинавија.
Биологот Роб Нелсон и антропологот Мери Ен Ошота се првите научници на кои им е одобрен неограничен пристап на сите подрачја околу озогласената електрана. Свесно изложувајќи се на ризикот од зрачење, двојката го истражува влијанието на високите зрачења на околната, и колку после 30 години радијацијата влијае на растителниот и животинскиот свет.
Дани | ТВ Пакет