Србите воодушевени од новите песни на Каролина
Мега проектот на Каролина Гочева – “Македонско девојче 2” започна да го освојува и Балканот. Албумот кој постигна неверојатен успех во Македонија и кој кулминираше со низа концерти во Скопје минатата година, овој период е претставен е и пред публиката во екс ју земјите.
„Македонско девојче 2“ доби свое регионално издание преку водечката дискографска куќа Dallas Records и веќе може да се најде на музичкиот пазар на просторите на сите бивши ЈУ држави. Прв сингл кој што веќе се врти по радиостаниците ширум Балканот е песната „Кој да ми запее“.
Dallas Records – е една од водечките дискографски куќи во регионот што со своите изданија рушеше рекорди во продажбата во изминатите 20 години, а албумите и изведувачите меѓу кои Џибони, Северина, Бајага и многу други еминентни музички имиња, освојуваа бројни награди. Dallas Records е основана уште во 1987 година и е ексклузивен застапник на ЕМИ која пак е издавач на светските музички великани, меѓу кои The Beatles, Queen, Kylie Minogue, Robbie Williams, Norah Jones, Lily Allen, Depeche Mode, Pet Shop Boys, Coldplay, David Bowie, Tina Turner и многу други.
Српската публика за прв пат го слушна уникатниот мелос на овие песни во изведба на македонската дива пред два дена во најгледаното ток шоу “Вечер со Иван Ивановиќ” каде Каролина заедно со својот бенд во живо ги претставија “Кој да ми запее” и “Бегај, бегај”. Досега екс ју публиката уживаше во поп песните на Каролина препеани на српски јазик, но поради автентичноста на овој звук, овој албум се појавува исклучиво на македонски јазик на балканскиот пазар.
Во продолжение, погледнете ја изведбата на “Кој да ми запее” во шоуто, кое според рејтинг мерењата на Nielsen, го гледале околу милион луѓе во Србија.
Дани | ТВ Пакет