Анхелес добива телефонски повик од својата мајка која ја известува дека стигнала безбедно. Во моментот додека мајката и ќерката разговараат, Анхелес ќе слушне како преку рецепција се довикува одреден доктор и почнува да се сомнева дека нејзината мајка се наоѓа во болница.
По разговорот со Лусија, Анхелес ја бара Нати да ја праша каде се наоѓа мајка и. Нати и признава на девојката дека Лусија е во болница.
Анхелес го посетува барот на Хоакин, каде што со цел да заборави на операцијата на својата мајка, му се придружува на Раул во пиење.
Се враќа доцна дома и Дарио и префрла дека воопшто не се чува.
Нати ги споделува своите грижи со Хулијан за престојната операција на Лусија.
Анхелес, следното утро и кажува на својата тетка Трини дека Лусија е во Хјустон бидејки мора да направи операција.
Густаво доаѓа кај Нати и ја присилува да му каже каде е Лусија. Нати му признава дека Лусија се наоѓа во Хјустон на операција. Густаво ангажира итен лет.
Анхелес е загрижена за здравјето на Лусија. Дарио, иако и е лут поради синоќешниот излез со Дари, сепак ја теши својата сакана.
Сесилија ја прашува својата баба дали смета дека д-р Монтемар е можниот убиец на нејзиниот татко, на што доња Инес и одговара дека се е можно.
Лусија закрепнува од операцијата кога на нејзино големо изненадување доаѓа Густаво. Човекот ја облева со нежности и бакнежи, а Лусија е пресреќна што го гледа.
По една недела, Лусија се враќа дома, комплетно закрепната. Чоле и Диего ја пречекуваат пресреќни за нејзиното враќање, додека Сесилија е рамнодушна.
Потоа, Сесилија му се јавува на Октавио известувајки го дека нејзината мајка се вратила заедно со убиецот на нејзиниот татко. Октавио и ветува дека ќе стори се за Густаво Монтемар да заврши што поскоро во затвор.
Диего кој го прислушкувал разговорот на нејзината сестра со Октавио и вели дека не може да ја препознае и и префрла дека тој човек и го пере мозокот.
Во куќата доаѓа и Анхелес да ја види Лусија, но во моментот кога ќе го види Густаво во вилата, ја обзема бес и и префрла дека никогаш не ја сакала и дека имала повеќе доверба во Густаво и Нати бидејки ним им кажала за операцијата. Чоле и префрла на Анхелес дека на Лусија и треба мир. Густаво поаѓа по Анхелес и ја прашува зошто така реагирала а девојката му признава дека сеуште има чувства за него кои не може да ги контролира.
Главната медицинска сестра Ракел, доаѓа со докази кај Октавио и го обвинува за убиството на Игнасио Соријано.
продолжува