Доколку судбината не си поиграше со неговиот живот, денеска Тоше Проески ќе наполнеше 32 години и само Бог знае до каде тој ќе стигнеше по патот на славата. Ние сеуште сонуваме дека е со нас, а што е сонот? Редица на слики и чувства што поминуваат низ нашиот ум, а во овој случај и ужасно болат…
На денот на неговиот роденден фондацијата одлучи да ја промовира долгоочекуваната песна „Све је премало за крај“ за која беше снимен и видео запис којшто можете да го погледнете подолу. Песната Тоше ја снимил во 2006. година, а текстот е напишан од Јелена Трифуновиќ.
Крис Манев | ТВ Пакет