Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (33. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (33. продолжение)

Антенор за момент заборави кој е господин а кој е работник помеѓу него и младиот Рикардо Кастењон кога го најде во компромитирачка положба со неговата ќерка. Го грабна за врат со своите цврсти, работнички раце и го притисна толку силно што бојата на лицето на Рикардо се промени за миг.
– Мислиш дека можеш да правиш што сакаш со мојата ќерка? Да не си ја допрел уште еднаш бидејки следниот пат нема да бидам толку милозлив, дали сум јасен?

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 33 – „Мамо, јас го љубам Енцо“

 
Антенор за момент заборави кој е господин а кој е работник помеѓу него и младиот Рикардо Кастењон кога го најде во компромитирачка положба со неговата ќерка. Го грабна за врат со своите цврсти, работнички раце и го притисна толку силно што бојата на лицето на Рикардо се промени за миг.
– Мислиш дека можеш да правиш што сакаш со мојата ќерка? Да не си ја допрел уште еднаш бидејки следниот пат нема да бидам толку милозлив, дали сум јасен?
– Татичко, пушти го те молам, – од страна Моналиса го проколнуваше својот татко, плашејки се дека може да го повреди.
– Само да слушне татко дека си ме нападнал, – рече Рикардо откако Антенор ги тргна своите раце од неговиот врат.
– Ако си доволно маж да ја заведш мојата ќерка, тогаш биди маж и бори се со мене, – додаде Антенор и го турна Рикардо со сета сила во сеното. Моналиса повторно крикна, преколнувајки го и влечејки го својот татко.
– Татичко, се беше моја вина, – рече на крајот, сметајки дека тоа е единствен начин да ги раздели. – Јас го предизвикав господинот Рикардо. Aко дон Фаусто дознае ќе не истера сите од фазендата.
– Смири се, мала.
– Веднаш ќе одам да зборувам со татко.
Рикардо направи чекор понапред, но за миг повторно ја почуствува цврстата рака на Антенор на својот врат и неговиот лош здив во носот.
– Газдата ми нареди да те надгледувам како работиш и моја должност е да работиш.

Од друга страна пак, Естер беше во состојба да мора да го спречи својот сопруг кој сакаше да го нападне Енцо.
– Како се осмелуваш така да разговараш со мене?
– Фаусто, те молам…
– Ти не се мешај, Естер, – ја одби грбо од себе. – Надвор одовде!, – со рака му ја покажа вратата на Енцо.
– До бога, Фаусто, зошто не сакаш да ја прифатиш волјата на својот татко? Зошто сакаше да ги ликвидираш ови тапии?, – Енцо пафташе во воздух со документите. – Овие документи не лажат, Фаусто!
– Како се најдоа тие тапии во твои раце?
– Одговори ми! Зошто не сакаш да признаеш дека твојот татко и ја оставил оваа земја на мојата мајка?
– Бидејки таа земја не е твоја. Сигурен сум дека твојата мајка ги добила тие тапии играјки валкано. Мојот татко никогаш не би оставил ништо на твојата фамилија! Предај ми ги тие тапии, Енцо.
– Мојата мајка беше чесна жена, жена која го посвети својот живот служејки ти тебе и на твојата фамилија! И ако твојот татко и ја оставил оваа земја, сигурно било праведно.
– Мојот татко бил прелажан од таа…
– Внимавај што зборуваш за мојата мајка, несреќнику!
Фаусто не можеше да толерира такво непочитување. Со еден силен удар и пушти крв од носот на Енцо. Но италијанецот не остана на тоа, туку му врати со иста мера. Тупаници, крв и крикови од страна на беспомошната Естер.
– Оваа земја секогаш и припаѓала на Кастењон!
– Овие тапии го говорат спротивното. Ќе го завртам небото ако треба, но ќе докажам дека овие тапии се легални, – со висок тон додаде Енцо и набрзина ја напушти библиотеката.
– Ова нема да остане вака, – рече Енцо, бесен како рис, посегнувајки по закачената пушка на ѕидот.
– Што ќе правиш?, – извика Естер загрижено. – Фаусто, биди разумен те молам.
– Тргни ми се од патот, Естер!

Во меѓувреме на верандата, Алис ја советуваше својата роднина Елиса дека треба да го промени својот конзервативен начин на облекување и однесување ако сака да постигне резултати кај човекот кој го сака.
– Да бидам по опуштена? Навистина сметам дека не би можела, Алис.
– Погледни, – рече Алис во слениот миг покажувајки кон вратата од каде што излегуваше Енцо. – Ете го човекот на твојот живот.
– Енцо, – пригушливо крикна Елиса, но италијанецот остана нем на нејзините зборови. Го отседла најбликиот коњ и одјава кон капијата пред Фаутсо да излезе со пушката од куќата.
– Енцо, застани!
Го насочи оружјето кон својот соперник, но Елиса реагираше на време и со своите раце го помести оружјето пред нејзиниот татко да испука истрел.
– Тато, што правиш?
– Не мешај се, Елиса! Естер, внеси ја нашата ќерка дома, веднаш!
Но беше предоцна, Енцо веќе одјава далеку вон домет на истрелот кој можеше да го стигне. Фаусто бесно удри со тупаницата во столбот.

Моналиса беше соочена со бесот на својот татко и прашањата на својата мајка, кога двајцата ја соочија девојката.
– Господинот Рикардо не е виновен за ништо, – низ солзи повторуваше Моналиса.
– Сакаш да кажеш дека ти си го завела?, – ја праша Антенор, удирајки со тупаница силно по дрвената маса.
– Не, но само го сослушав, му дозволив да ми се отвори…
– Тоа не е показател дека тој може да прави се што сака со тебе, – Марија Грација ја советуваше својата ќерка. Нјамалку сакаше Моналиса да заврши во креветот на младиот господин како што таа често завршуваше во прегратките на неговиот татко.
– Но, зошто ме третирате како да сум курва? Зарем не ви паднало на ум дека господин Рикардо сака нешто сериозно со мене?
– Дали си го загубила разумот, девојко?, – ја праша Антенор удирајки ја столицата која му се најде пред раце. – Каде се видело син на Господар да биде вљубен во слугинка?
– Јас не сум слугинка како вас двајца.
Ваквиот коментар на Моналиса ја допре Марија Грација па и врза силна шлаканица на својата ќерка за да се вразуми.
– Да не си го кажала тоа уште еднаш. Јас и татко ти секогаш се трудевме да те одгледаме најдобро што можевме, но тоа не те прави различна од нас. Ако сме неуки тоа не ти дава право да не не почитуваш, Моналиса.
Девојката ја спушти главата и липтејки истрча кон собата, затварајки ја вратата зад себе.
Антенор посегна по својата капа за сонце пред да се врати назад на работа. Но, штом направи чекор да излезе, го сопре Марија Грација.
– Антенор…само сакам да знаеш дека ме радува што ја бранеше нашата ќерка.
Тој не рече ништо, не се ни заврте, само продолжи по својот пат. Беше подготвен да се соочи со гневот на Фаусто Кастењон, сметајки дека досега Рикардо веќе се пожалил пред татко си.

Елиса одвај можеше да се смири по сцената од пред малку на верандата. Естер и принесе шоља чај од камилица.
– Зошто тато така го третира Енцо, мамо?, – праша девојката примајки ја шољата чај со растреперени раце.
– Не знам ќерко. Но што и да е најдобро е самите да си ги решат проблемите.
– Ако го убие?
– Не богохули, ќерко, те молам.
– Никогаш во животот не сум го видела татко толку лут. Ќе одам да рагзоварам со него, – решително рече Елиса, стана од креветот и ја остави шољата со чај на наткасната.
– Елиса, и јас сум нервозна по се што се случи, но немаме право да се мешаме.
– И ти стравуваш за животот на Енцо, мајко?
– Не ми се допаѓа што татко ти е толку гневен на Енцо.
– Тогаш подржи ме мајко. Јас не можам да седам со скрстени раце, гледајки дека животот на Енцо е во опасност.
– Елиса, што ти е? Зошто се однесуваш така?
– Мамо, јас го љубам Енцо, го љубам како никој друг на светот, – најпосле и призна на својата мајка, практично во еден здив.
Естер остана нема. Немаше зборови кои можеше да ги каже а да бидат на место. Гледаше во својата ќерка која по долго време и ја отвара душата. И признава дека го љуби човекот на кој таа му го предаде своето тело неодамна. Човекот кој го љубеше повеќе од се, до лудило, беше човек кој го љубеше и нејзината ќерка.
– Не!, – Естер одбиваше да се соочи со реалноста. – Не е можно. Ти не можеш да го љубиш тој човек!
– Зошто? Зошто не можам да го љубам Енцо, мајко?
– Бидејки тоа е лудост…Ти не знаеш што зборуваш, Елиса.
– Да, знам што зборувам, чуствата не можат да ме лажат. Енцо е неверојатен човек.
– Ќерко…Ти го идеализираш бидејки тој човек ти го спаси животот.
Естер бараше начин да ги оправда чуствата на својата ќерка.
– Не, мајко. Јас го љубам.
– За твое добро, ќерко, ти не можеш да го љубиш тој човек.
– Зошто, бидејки е сиромав? Ќе ми забраниш да љубам човек кој е од друга социјална класа? Одговори ми те молам.
– Немам што да ти одговарам, – дрско одговори Естер.
– Енцо е човекот на мојот живот, мојот принц на бел коњ.
– Замолчи!, – беше болно да ја слуша родената ќерка како јасно ги искажува чуствата која таа ги гаеше за истиот маж. Беше прв пат да го проколне денот кога Енцо Анџели зачекори на Темпестад. – Ќерко, ти си млада, има време да го запознаеш човекот кој ќе биде твој принц…
– Човек кој ти и татко ќе го изберете за мене?, – низ солзи праша девојката.
– Внимавај на своите зборови, Елиса…
– Прости, мајко. Мислев дека можам да ти се доверам без да ми судиш.
– Не сакам повеќе да ги повторуваш зборовите кои сега ги слушнав од твоја уста. Не сакам да видам дека си излегла сама и уште помалку да бидеш видена со Енцо.
– А ти можеш да се гледаш со него?
– Не биди дрска! Можам да бидам многу поостра со тебе, но барам начин да те разберам.
– Но, мајко сигурно и ти некогаш си го чуствувала она што сега го чуствувам јас.
– Сакам да останеш овде и да размислиш, – на крајот рече Естер и ја напушти собата на својата ќерка. Веднаш штом стапна во ходникот и ја затвори вратата зад себе, како да се скрши. Созлите лиеа по нејзината бела кожа.
– Боже мој ова не ми се случува мене.

Марија Грација го подготвуваше ручекот за господарите над врелата печка во кујната на фазендата, кога од задната врата влезе нејзиниот брат, здишан и испотен.
– Енцо?! Што се случило?
– Кажи ми едно нешто…Каде е земјата која и е оставена на нашата мајка?

Фаусто беше подготвен на екстремност со цел да го спречи Енцо Анџели во својата намера. Побара засилување од своите синови и надзорникот во потрагата на италијанецот.
– Јас не разбирам што се случува овде, – збунето рече Анибал, качувајки се на својот коњ.
– Не прашувај нешто за што не можеме сега да ти одговориме. Кој од вас да го види Енцо нека пука! Го сакам мртов!, – низ заби процеди Фаусто и ги повлече уздите на коњот.

Продолжува утре…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!