Лусија сепак е решена да не се гледа со Густаво повеќе и му потврдува дека тоа е нивниот последен бакнеж.
Во разговор со Нати и признава дека ставила крај со Густаво и дека е решена да ја обедини својата фамилија како никогаш претходно. И признава дека уште од самиот старт сите биле против нејзината врска со Густаво. Нати ја продржува во одлуката иако е свесна дека Лусија сеуште го сака докторот.
Трини му се доверува на Октавио дека отсекогаш ја презирала својата сестра Лусија бидејки таа добивала во животот се што ќе посака. Му се колне дека ќе стори се за да ја гледа несреќна. Трини е решена да стави крај на Лусија. Му признава на Октавио дека уште кога биле деца,м нивните родителе ја преферирале Лусија. Од друга страна пак, Октавио и признава дека решил да ја промени тактиката. Дека ќе се обиде да ја добие наклонетоста на Лусија, по секоја цена.
Во меѓувреме, Лусија и признава на Чоле дека раскинала со Густаво за доброто на фамилијата.
Со скршено срце и разочаран, Густаво ја известува својата тетка Мирјам дека се разделиле со Лусија, засекогаш.
Хаиме го посетува Октавио и му вели да ја остави Сесилија, бидејки не ја сака.
Следниот ден во клиниката, Густаво се запознава со новата медицинска сестра Луз Марија Канелон. Густаво не може да прекрие дека девојката изгледа преубаво, освен тоа доаѓа со високи препораки од претходната работа.
Ракел ја претставува Луз Марија пред Лусија. Ја претставува како новата лична помошничка на Густаво и Лусија чувствува силна љубомора, бидејки никој не може да ја порекне убавината на Луз Марија.
Доња Инес не може да ги прекрие емоциите кога ќе дознае дека Лусија се разделила со Густаво.
Во меѓувреме, Лусија и признава на својата пријателка Нати дека не може да ја сокрие љубомората која ја чувствува кон новата медициснка сестра и дека никогаш нема да го преболи Густаво.
продолжува