Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (34. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (34. продолжение)

По бурниот разговор кој го имаше со својата ќерка, Естер влезе во собата на својата роднина. Лукреција ја изгасна цигарата во пепелникот и рече;
– Не можам да разберам зошто таткото на Фаусто и оставил земја на нана Тили.
– Ниту јас можам да разберам, – рече Естер, седнувајки на столот. – Можеби Марија Грација го има одговорот. Отсекогаш знаев дека нана Тили е сакана од фамилијата, но не до толку за да добие толку вреден подарок од мојот свекор. Чудно е бидејки дон Ињаки не беше милозлив со своите работници.

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 34 – „Крвта Кастењон“

 
По бурниот разговор кој го имаше со својата ќерка, Естер влезе во собата на својата роднина. Лукреција ја изгасна цигарата во пепелникот и рече;
– Не можам да разберам зошто таткото на Фаусто и оставил земја на нана Тили.
– Ниту јас можам да разберам, – рече Естер, седнувајки на столот. – Можеби Марија Грација го има одговорот. Отсекогаш знаев дека нана Тили е сакана од фамилијата, но не до толку за да добие толку вреден подарок од мојот свекор. Чудно е бидејки дон Ињаки не беше милозлив со своите работници.
– Ниту твојот маж.
– Загрижена сум за Енцо, – призна Естер со грутка во грлото. – Фаусто е вон себе.
– Енцо не е виновен што стариот Кастењон и оставил земја на неговата мајка.
– Фаусто не го гледа тоа така. Помислата дека нема повеќе да го видам Енцо ме убива.
– Не размислувај така, Естер, – рече Лукреција, земајки ја раката на својата братучетка. – Сигурна сум дека ќе се реши и овој проблем.
– Не можам да го замислам животот без него.
Естер не беше свесна дека нејзината исповест не ја слуша само Лукреција. Елиса стоеше зад вратата и шокантно ги слушаше зборовите на својата мајка.

Марија Грација се молеше со молитвеникот в раце пред кандилото и иконата на Богородица.
– Мадона миа, чувај го мојот брат и направи дон Фаусто да се вразуми.
Во молитвите ја прекина Елиса, која слезе во кујната со брззи чекори.
– Марија Грација, мораш да ми кажеш каде е Енцо.
– Зошто?
– Бидејки само јас можам да му помогнам.

Откако готвачката и довери каде може да го најде Енцо, Елиса истрча пред верандата каде што со запалено возило ја чекаше Алисиња.
– Вози, Алисиња. Знам каде е Енцо.
Девојката даде гас на автомобилот, оставајки прашина зад себе, прашина која ја изголта Антониета, трчајки по младата Елиса да ја потсети дека нема право на излез.

Естер напиша писмо за својот сакан Енцо, истото и го предаде на Моналиса, знаејки дека само девојката е доволно дискретна. Кога Моналиса влезе во собата на својот вујко, побара идеално место за да го остави пликото, кога во еден момент вратата од собата се отвори широко и до неа допре гласот на нејзината тетка Кристина.
– Што е тоа што го држиш во рацете, Моналиса?
Девојката пребледе.
– Не…ништо…мои работи…
– Тоа е нешто за твојот вујко?
– Не.
– Не лажи ме Моналиса и дај ми да видам.
Девојката се обиде да го сокрие писмото во кецелата, но Кристина ја совлада и успеа да го зеде писмото. Го отвори и набрзина го прочита. Беше шокирана од сознанието, од тајната која ја носеа тие редови.
– Енцо има афера со сопругата на дон Фаусто?!

Алисиња ја намали брзината на автомобилот близу реката, онаму каде што почнуваше патот ко шумата.
– Сигурна ли си дека е тука?, – ја праша својата роднина Елиса, која со поглед бараше наоколу.
– Не знам Алисиња, ниту Марија Грација не го знаеше точното место.
– Нема да можам да продолжам да возам. Возилово не е наменето за ваков пат.
На крстосницата, слушнаа коњски топот. Елиса помисли дека е Енцо но кога се заврте го забележа својот татко и браќата.
– Што по ѓаволите ти бараш тука, Елиса? Зошто си излегла од дома?
– Татко, прости ми, но бев загрижена за тебе по она што го видов на портата од куќата. Те молам прости ми.
– Не разбирам како мајка ти ти дозволила да излезеш. Анибал, врати ја сестра ти дома, – му нареди на постариот син. – Кога ќе се вратам, јас и ти ќе имаме сериозен разговор, Елиса.
Девојката го спушти погледот. Немаше доволно храброст да се соочи со презирот и бесот на својот татко.
– Ќе продолжиме ли да бараме, газда?, – праша Антенор.
– Да. Ти и Рикардо одете на таа страна, јас ќе барам преку реката.

Кога девојките се вратија назад на фазендата, Алисиња ја предупреди Елиса да се откаже од идејата да го бара Енцо, во спротивно ќе си направи проблем со својот татко.
– Не можам да бидам во поголем проблем од ова, – рече девојката.
– Не дај боже татко ти да се посомнева дека имаш нешто со Енцо, дури тогаш нештата ќе се искомплицираат.
Во собата влезе Естер. Елиса погледна во својата мајка со презир и горчина. Естер ја замоли Алисиња да ја остави насамо со својата ќерка.
– Оди си те молам, не сакам да зборувам, – и рече Елиса на својата мајка, откако останаа сами.
– Ќе мораш да ме сослушаш. Жалам, Елиса, но ќе морам да те заклучам додека не дојде татко ти.
– Што?
– Немам друг избор, – мирно одговори Естер, вадејки го клучот од џебот.
– Што ти е мајко? Љубоморна си? Мислиш дека си единствената која може да страда за Енцо?
– Да не си ми се обратила уште еднаш така!
– Нема потреба да одрекнуваш, мајко. Знам дека чуствуваш нешто за Енцо.
– Елиса, ако продолжиш да ми зборуваш така, ќе морам да…
– Што? Да ме удриш? Удри ме! Удри ме, но тоа нема да ја порекне вистината.
– Искрено, не можам да те препознаам. Ми се обраќаш вака? На твојата родена мајка? Те предупредувам дека не смееш да излезеш од оваа соба! Во спротивно ќе му кажам на татко ти, а добро знаеш како тој ќе го прими тоа.
Солзите и проколнувањата не помогнаа. Естер излезе од собата на својата ќерка и ја заклучи вратата, онакака како што рече.

Го јаваше својот пастув под врелото сонце кое му го печеше вратот. Енцо чуствуваше како гладта му ги јаде цревата. Јаваше веќе два часа, но имаше чуство како да јава два дена. Слезе од коњот за да одмори и тој и животното. Пред него се наоѓаше голем водоапад чија вода се слеваше долу во реката, стотици метри во должина. Ја извади шапката и го изми лицето со студената вода. Се чуствуваше преродено.
Фаусто прво го забележа коњот на Енцо и знаеше дека мора и тој да е близу. Слезе внимателно од пастувот бидејки не сакаше да биде виден. Ја извади пушката од појасот и по неколку чекори го впери оружјето во грбот на својот противник. Енцо се заледи. Беше во стапица. Без излез. Под него водопад во недоглед, зад него, вперена пушка.
– Ни чекор, Анџели, – му се закани Фаусто.
Но, Енцо беше брз како светлина. Со еден покрет на раката го турна оружјето од рацете на Фаусто и му замавна силна тупаница. Фаусто се опорави за кратко, па посегна по земјата каде што лежеше пушката. Енцо го удри со ногата оневозможувајки го да го земе оружјето, но Фаусто ја загуби рамнотежата и се лизна по гребенот. Во последен момент успеа да се фати за еден камен, додека нозете и трупот му висеа во бездна.
Енцо инстиктивно потрча да му помогне. На крајот се работеше за човечки живот, за животот на неговиот брат. Можеше многу лесно да го турне и да заврши со Кастењон засекогаш, но наместо тоа му ја подаде раката а помош.
– Не ми треба твојата помош, – рече Фаусто, чие тело висеше во бездната. Ја пушти подадената рака и падна кон реката, со брзина на водопадот…

Продолжува утре…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!