Хулијан е скршен бидејки ја загуби довербата и шансата кај Нативидад, па решен е да стави крај на својот брак, што поскоро.
Хаиме и признава на Лусија дека ја љуби Сесилија и дека ќе стори се за да ја поврати назад.
Подоцна, Лусија ббара од својата ќерка да разговараат за Хаиме и нејзината врска со Октавио, по што Сесилија дрско бара од својата мајка да не се меша.
Анхелес и Диего случајно се наоѓаат во трговскиот центар, каде што Анхелес ќе го праша својот брат за здравјето на нивната мајка. Диего со насмевка и враќа дека и покрај се, таа има добро срце и дека е добра личност.
За време на состанокот во клиниката, Фернандез и Ескаалон ја напаѓаат Лусија и бараат од неа да го отпушти Густаво Монтемар, бидејки човек со таква репутација може само да ја загрози сликата за клиниката. На големо изненадување на Лусија, Октавио застанува на нејзина страна велејки дека Густаво е одличен и признат хирург без кој клиниката не би опстанала.
Лусија не знае дека Октавио игра двојна игра, за да ја добие нејзината доверба.
Вечерта, Анхелес ја посетува својата мајка во вилата. Лусија ја кани Анхелес на чај и двете мирно разговараат на верандата, под отворено небо, како никогаш претходно. Лусија и признава дека сеуште го сака Густаво а тогаш Анхелес избувнува и и префрла дека и таа секогаш го љубела и дека страдала кога ги гледала заедно.
Лусија и признава на Чоле дека иако за кратко за прв пат ја запознала другата страна на Анхелес и дека тоа ја прави многу среќна.
По разговорот со својата мајка, Анхелес доаѓа во барот на Хоакин каде што се среќава со Раул. Раул и признава дека ги видел Дарио и Каетана во страсен бакнеж. Анхелес не може да поверува. Со мисла дека никогаш никој не ја сакал, го напушта барот и претрчува преку улица без да погледне околу себе. Во еден миг ќе се најде во браникот на еден автомобил.
Раул кој е сведок на несреќата, веднаш повикува помош, додека присутните се загрижени за состојбата на девојката.
Лусија дознава за големата несреќа и се обвинува себеси за она што и се случило на Анхелес.
Кога ќе дојде во болница, наидува на Густаво кој и ја нуде својата безрезервна подршка во тие тешки моменти.
Алфредо ја кани Нати на кино и таа ја прифаќа поканата.
По заедничката вечера, Октавио инсистира да ја одведе Сесилија во неговиот стан. Поднапиена и поведлива, девојката ја прифаќа поканата на згодното момче. Кога ќе дојдат во енговиот стан, Октавио страсно ј абакнува, инсинуирајки на секс. Сесилија е против таквата идеја, но Октавио станува груб до степен што и ја раскинува кошулата. Но, на крајот се совладува себеси и длабоко и се извинува на девојката користејки го изговорот дека не може да одолее на нејзината убавина.
Дарио е скршен поради состојбата на Анхелес. Го посетува Каетана која му се извинува што често инсистирала да има неѓто меѓу нив кога тој секогаш ја сакал само Анхелес.
Луз Марија добива заканувачкиу телефонски повик кој ја вознемирува.
По операцијата врз Анхелес, Лусија, доња Инес, Трини, Диего и Сеси се во исчекување на резултатите.
ПРОДОЛЖУВА