Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (35. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (35. продолжение)

Кога Анибал и Антенор се вратија со своите коњи на фазендата, беше скоро полноќ. Топотот на коњите ги натера домашните да излезат на тремот.
– Го најдовте ли Енцо?, – праша Естер во еден здив, плашејки се дека можеби дошло до најлошото.
– Не, не го најдовме, – одговори Антенор, слегувајки од коњот.
– Каде е татко?, – праша Анибал. Му беше чудно што Фаусто не е е на чело со поворката. – Одговори ми, брате, каде е татко?
– Не знам…
– Како не знаеш, Рикардо?, – праша Естер.

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 35 – „Молитва“

 
Кога Анибал и Антенор се вратија со своите коњи на фазендата, беше скоро полноќ. Топотот на коњите ги натера домашните да излезат на тремот.
– Го најдовте ли Енцо?, – праша Естер во еден здив, плашејки се дека можеби дошло до најлошото.
– Не, не го најдовме, – одговори Антенор, слегувајки од коњот.
– Каде е татко?, – праша Анибал. Му беше чудно што Фаусто не е е на чело со поворката. – Одговори ми, брате, каде е татко?
– Не знам…
– Како не знаеш, Рикардо?, – праша Естер.
– Го загубивме, мајко.
– Но, како?, – се замеша Антониета. – Го оставивте сам?
– Го баравме насекаде, но ни трага од газдата, – додаде Антенор.
– Боже мој, што ли се случило, – крикна Естер.
– Мораме да го најдеме, тогаш, – инсистираше Анибал.
– Ако одиме да го бараме сега само волците може да не изедат, – рече Антенор.
– Антенор е во право, брате. Најдобро е да почекаме да се раздени.

Фаусто се разбуди со силни болки по телото. Не знаеше дали повеќе го боли истегнатата рака или набиената нога. Беше мрак и прво што виде беа ѕвездите на небото. Лежеше на нерамна земја, некаде во шума, а близу чуствуваше топлина од огништето кое го ложеше Енцо.
– Каде сум?, – праша.
– Биди мирен и одмори за утре да бидеш подобар и да се вратиме на фазендата.
– Зошто ми помагаш? Или сето ова е фарса и сакаш да ме убиеш?
– Јас не можам да убијам некој со кого делам иста крв. Ние двајца Фаусто…сме синови од ист татко.
– Ти си полудел, – одговори Фаусто по првобитниот шок.
– Не. Дон Ињаки Кастењон е наш татко. Затоа и ја дарил таа земја на мојата мајка.
– Не го повторувај тоа!, – извика Фаусто и одеднаш почуствува бол во раката. Но ниту една телесна болка не се рамнеше со болката која сега ја доби. – На мојот татко му е украдена таа земја. Сигурна сум дека твојата курва мајка го прелажала.
Енцо изрипа на нозе и во два чекори се неговите раце се најдоа околу вратаот на Кастењон.
– Да не си кажал уште еднаш нешто такво за мојата мајка, – процеди низ заби.
– Што по ѓаволите сакаш, Анџели?
– Сакам да ја испочитуваш одлуката на нашиот татко. Сакам да ме оставиш на мира мене и мојата фамилија. Таа земја е наша, јасно?
– Нема да се смирам додека не те исфрлам од Темпестад, Енцо.
– Не гледам како би можел, – додаде Енцо, го пушти вратот на Фаусто и се врати назад кај огништето кое догоруваше.

Тоа беше прв пат како што Алисиња влезе во студената капела во близина на фазендата. Беа собрани сите жени од Темпестад со цел да се молат за животот на Фаусто Кастењон, од кого со часови немаше трага. Само што влезе во капелата, Алисиња почуствува студ во коските. Самата помсила дека до скоро посетуваше балови и забави во Париз, а сега е тука, во оваа одаја со мирис на темјан, ја правеше подепресивна. Наскоро капелата се наполни. Свеќите гореа а сенките на жените танцуваа во ритамот на гласната молитва. На чело седеше Естер а крај неа беше Лукреција, па Антонита, Елиса, Алисиња, Марија Грација, Моналиса и Кристина, кои се молеа за својот брат.

Срамежливото и позлатено сонце ги растера утринските облаци. Птиците ја почнаа својата песна на гранките во овоштарникот, а тревата сеуште беше влажна од ноќната роса. Над пампата се изигнуваше маглата, а во далечина пасеше стоката. Сите беа будни уште рано, некои дури немаа спиено цела ноќ. Естер и Елиса ги испратија момците и работниците во потрага по Фаусто, а потоа повторно заминаа да се молат во капелата. Во такви тешки ситуации, тоа беше се што можеа да сторат. Да се молат.
Алисиња уживаше во утринската купка. Прати слугинка по Кристина. И требаше некој да и го истрља грбот, а немаше подобар избор од страсната италијанка.
– Сте ме барале, госпоѓице, – праша, затворајки ја вратата од бањата.
– Да, – низ насмевка одговори Алис.
– Зарем не отидовте да се молите?
– Те молам, по она сношти, веќе во живот не сакам да видам капела, црква и слично. Мирисот на темјан не е добар за моите сетила, Кристина. Те побарав бидејки ми е потрбна твоја помош, – додаде покажувајки на сунгерот.
– Изгледа дека не разбирате, госпоѓице. Ќе ве оставам самата да се искапете, јас имам работа а и сум загрижена за мојот брат.
– Има нешто за тебе покрај котелот, – додаде Алис пред Кристина да излезе.
Италијанката погледна кон котелот на кој што стоеа пари. Грст пари.
– За тебе се, – низ насмевка рече Алис. Добро знаеше дека Кристина нема да одбие таква сума.
– На услуга сум ви, – рече италијанката откако ги смести парите во своето деколте и клекна покрај кадата.
Алис и го подаде сунгерот и ги затвори очите.

По молитвата во капелата, фамилијата се собра во трпезаријата, иако никој од нив не чуствуваше глад.
– Напијте се барем супа, госпоѓо Естер, ќе ви даде сила, – навалуваше Моналиса.
– Дали го стори тоа што те замолив?,- Естер тивко ја праша девојката, за никој друг на трпезата на не може да го чуе разговорот.
– Да, госпоѓо, – потврди Моналиса со грутка во грлото. Не беше момент да и каже дека нејзината тетка Кристина ја фатила на дело со писмото в рака.
– Знаев дека кога-тогаш, тој деликвент ќе ни направи проблеми, – рече Рикардо. – Татко не требаше никогаш да дозволи тој човек да остане да работи.
– Замолчи, Рикардо!, – дрско го прекина Елиса, на сечие изненадување.
– Како можеш така да ми се обраќаш, Елиса?, – ја праша помалата сестра.
– Како можеш ти да кажеш нешто толку подло? Енцо не е деликвент.
– Мислам дека не е добра идеја за расправија, – се замеше нивниот постар брат Анибал.
– Дали е само моја идеја или ти си повеќе загрижена за Енцо, отколку за нашиот татко?,- Рикадо дрско ја праша својата сетра.
– Престанте и двајцата!, – извика Естер.
– Енцо е чесен човек, – продолжи Елиса.
– И од каде знаеш ти?
– Бидејки го познавам многу подобро од тебе!
– Замолчете!, – низ трпезаријата одекна гласот на Лукреција. – Имајте обзири за вашата мајка, зар не гледате во каква состојба е?
– Се извинувам,- рече Елиса, ги забриша рацете со салфетата и стана од маста. И онака немаше апетит, а најмалку сакаше да ги слуша клеветењата на својот брат.

По поајдокот, Анибал се повлече во својата соба. Сеуште немаше вести од неговиот татко ниту од работниците кои заминаа да го бараат. Се што му преостана беше да се моли. Во молитвата го прекина неговата тетка Лукреција, која без најава влезе во собата.
– Здраво, Анибал. Се надевам дека не пречам.
– Не, влези. Навистина не знам што можело да му се случи на татко. Не можам да објаснам…
– Смири се, сигурна сум дека татко ти е добро. Сигурна сум дека ќе се појави до крајот на денот.
– Ако Енцо Анџели се погрижил за мојот татко, ти се колнам дека ќе ја земам правдата во свои раце и ќе го убијам тоа италијанско копиле, Лукреција.
– Никогаш не сум те видела во вакво светло, Анибал и морам да признаам дека ме фасцинира, – ја спушти својата рака на неговите цврсти гради и ја подотвори својата уста, подготвена за бакнеж. Анибал ја стави својата рака во нејзината коса и ја повлече главата кон себе. Ја љубеше страсно како што можеше да се љуби само таква жена.
– Извини, Анибал…- повеќе не беа сами во собата. Како во бунило го слушнаа гласот на Алис.
Девојката стоеше како парализирана на вратата. Нејзината мајка беше во страсна прегратка со нејзиниот вереник.
– Мамо, – беше единствениот кратко крик кој можеше да го испушти.

И Естер се молеше во својата соба по појадокот. Во своите мисли, таа се молеше за двајцата мажи. Иако Фаусто беше груб и посесивен со неа, не сакаше да му се случи ништо лошо. Од друга страна се молеше за Енцо. Не можеше да си го замисли животот а да не ги види тие негови убави сини очи во кои се вљуби. Во молитвата ја прекина тропање на вратата.
– Кристина, од каде ти овде?, – ја праша слугинката, откако даде дозвола да влезе.
– Морам да разговарам со Вас, госпоѓо.
– Не може ли да почека?
– Не, бидејки морам нешто да ви покажам.
– Што?
Од џебот на својата кецела, Кристина го извади писмото кое Естер го имаше пратено преку Моналиса за Енцо.
– Обва е ваше? Во ова писмо му признавате на мојот брат дека сте вљубена во него.

Продолжува во петок…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!