Докторот ја известува фамилијата на Анхелес дека треба да поминат 24 часа за да увидат во каква состојба се наоѓа девојката.
Дарио и Лусија разговараат во болничката кантина. Дарио и признава на Лусија дека не знае што да направи за Анхелес да го заборави Густаво. Лусија му заблагодарува што толку безусловно и силно ја љуби нејзината ќерка.
Луз Марија му признава на Густаво дека ја прогонува поранешното момче кој не сака да се помири со нивната разделба. Густаво ја теши девојката и ја кани на заедничка вечера со неговите пријатели Хоакин и Естер. Луз Марија радо прифаќа.
Сесилија забележува модринки на своите раце и се присетува дека истите се настанати од силните стисоци на Октавио онаа ноќ. Истите модринки ги забележува и нејзиниот брат Диего, но Сесилија ја крие причината за истите.
Трини го посетува Октавио во неговиот апартман и наоѓа брезлатна од својата внука Сесилија. Го прашува Октавио дали спиел со неа, на што Октавио и кажува дека не.
Фамилијата дознава дека Анхелес се наоѓа во стабилна состојба и дека може да ја посетат.
Анхелес прифаќа да ја види фамилијата но одбива да ги види Лусија и Дарио.
Под присилба на својот брат, Сеси му признава на Диего дека Октавио се обидел да ја направи своја преку сила, но го замолува да не каже ништо никому.
Ракел, големата озборувачка во клиниката и соопштува на Лусија дека Густаво ја поканил Луз Марија на вечера. Ваквата вест ја погодува Лусија.
Дарио ја посетува Анхелес и ако таа не сака да го види. Девојката му признава дека знае за него и Каетана и му вели дека не сака никогаш повторно да го види.
Лусија не ја држи место и го посетува Густаво. Му префрла како може толку брзо да и најде замена? Меѓу другото го потсетува дека следниот ден има судење и дека повеќе ни самата не е сигурна дали е невин или виновен!
Дарио и признава на Каетана дека се чувстува виновен за несреќата на Анхелес. Ја известува девојката дека решил да се врати во САД и никогаш повеќе да не се враќа во Гвадалахара.
Густаво поминува фина вечера со своите пријатели и новата асистентка која ужива во друѓтвото на згодниот лекар.
Следниот ден продолжува судската драма. Луз Марија дознава дека судот ја бара Наталија Роблес, поранешната љубовница на Игнасио Соријано.
Луз Марија телефоснки ја наоѓа Наталија и ја замолува да сведочи на судот и да признае дека Соријано имал срцев удар во нејзино присуство.
Лусија сведочи пред судот, но нејзината изјава не е доволно уверлива и истата е резервирана.
Хулијан го прашува Густаво зошто Лусија сведочела на таков начин, на што Густаво премолчува.
Анхелес дознава дека Октавио и Трини се љубовници. И префрла на својата тетка како може да бида толку подла кога тој е човекот со кој се гледа нејзината сестра Сеси? Анхелес е решена да замине од апартманот во кој живееше со Трини.
Густаво и Лусија се наоѓаат на кафе по судењето. Густаво ј апрашува зошто била љубоморна на Луз Марија а Лусија му признава дека сеуште го љуби. Тој ја замолува да бидат заедно но таа му вели дека премногу силни нешта ги разделуваат, како неговото судење и нејзината борба со ракот.
Штом ќе се врати дома, Лусија ја чека големо изненадување. Анхелес ја прашува својата мајка дали би ја примила назад дома? Лусија со солзи во очите и широка прегракта ја пречекува својата ќерка.
Трини намерно ја носи брезлатната која ја најде во станот на Октавио а и припаѓа на нејзината внука. Сеси ја прашува од каде и е таа белегзија бидејки истата ги има нејзините иницијали?